СИМПОЗИУМ ПОСВЕТЕН НА 100 ГОДИНИ ОД РАЃАЊЕТО НА KАМИ
Симпозиум и уметнички портрет по повод 100 години од раѓањето на францускиот писател Албер Kами ќе бидат организирани утре во 10 часот во Kинотеката на Македонија. Чествувањето го организираат универзитетот ЕСРА и Францускиот институт.
Со свои излагања ќе се претстават професори и театарски уметници. Актерот Ѓорги Јолевски ќе изведе монолог од „Kалигула", а збор ќе земат и академиците Георги Старделов, Луан Старова и професорите Јелена Лужина и Јордан Плевнеш, Владимир Мартиновски, Владимир Спасовски, Елисавета Поповска.
Гостинка ќе биде и француската амбасадорка во земјава, Лоренс Оер.
Извор: "Дневник"
|