Празнина КОЈА сјае: Македонија Tuesday, 2024-12-24, 9:34 PM
Welcome Guest | RSS
Main | | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Calendar
«  November 2013  »
SuMoTuWeThFrSa
     12
3456789
10111213141516
17181920212223
24252627282930
Entries archive
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » 2013 » November » 7 » Педесетметарски згради на местото на сапунарницата
    4:59 AM
    Педесетметарски згради на местото на сапунарницата

    Педесетметарски згради на местото на сапунарницата

    Во согласност со деталниот урбанистички план, на посочената локација е предвидена изградба на објект за колективно станбено домување, со комерцијални и деловни намени

     
     

    Стариот објект на фабриката ќе го отстапи местото за новите згради

    Ќе останат само автентични детали од фабриката за сапун „Цветан Димов"

    Руинираната поранешна фабрика за сапун „Цветан Димов", која со години е место за ѓубре и градежен отпад и е населена од бездомници, ќе се отстрани и на нејзиното место ќе се градат згради за домување, како и комерцијални и деловни објекти. Ако сега ја посетите оваа поранешна фабрика, ќе забележите застрашувачка слика. Фасадата на објектот пропаѓа, прозорците се искршени, ѕидовите исчкртани со разни графити, простории исполнети со морничавост, ѓубре и грдотија. Фабриката, која е обрасната со трње и грмушки, навечер изгледа како да е зграда од некој хорор-филм, па тамошните жители со страв поминуваат покрај неа.

    - Делот кај фабриката е мрачен и е често собиралиште на зависници од дрога, веќе некое време тука се доселени и неколку групи Роми. Јас живеам во близината на сапунарницата и ваквата состојба навистина ни пречи, се создава врева, се палат пластики, гуми, се создаваат диви депонии, местото е извор на зарази. Крајно време беше да се преземе нешто и да се среди овој дел - истакна Маја Јанакиева, жителка на Кисела Вода.

    Од општината Кисела Вода соопштија дека во изминатиот период постојано вршеле акции за отстранување на дивите депонии и шутот, кој несовесните граѓани го фрлаа на оваа локација. 

    Продажба преку јавно наддавање

    Атрактивноста на просторот т.е. неговата локација блиску до центарот на градот значи негова сигурна продажба во иднина, а за што веќе има распишано собирање понуди. Повеќе од јасно е дека профитот од продажбата на становите и на дуќаните што ќе се изградат на местото на фабриката ќе стави крај на овој белег на градот. 

    - Правиме напори за да се отстрани објектот - старата фабрика за сапун „Цветан Димов", на која пред околу година и половина ѝ беше отстранет статусот заштитено културно наследство - истакна Марјан Спасески од општината Кисела Вода.

    Оттаму додадоа дека во согласност со деталниот урбанистички план на посочената локација е предвидена изградба на објект за колективно станбено домување, со комерцијални и деловни намени.
    - Максималната висина на објектот ќе се движи од 25 до 57 метри, врз основа на можностите и желбите на потенцијалниот инвеститор и со вкупна површина од околу 4 илјади квадратни метри, а површината на градењето ќе биде околу 2 илјади квадратни метри - информира Спасески.

    Пријавите за учество на јавното наддавање можат да се достават до 3 декември, а јавното наддавање ќе се одржи електронски на 11 декември.

    За заштита е доцна 

    Од конзерваторскиот центар сметаат дека фабриката за сапун „Цветан Димов" има историско значење за градот, бидејќи е меѓу најстарите фабрики во Македонија. 

    - Поради тоа што е во катастрофална состојба, наскоро ќе се сруши, а на нејзиното место ќе никне нова станбено-административна зграда, каде што на фасадата ќе бидат аплицирани детали од стариот изглед на сапунарницата како спомен од минатото - велат од конзерваторскиот центар.

    Конзерваторскиот центар ги заштитува објектите од уривање, менување на фасадата, ентериерот, внимава и на околината во која се наоѓаат објектите за да се зачува интегритетот на спомениците
    Од центарот велат дека оваа фабрика никогаш не добила решение за да се заштити како културен споменик, туку била само како предлог. 

    - По толку години незаштитеност на објектот и негово постепено руинирање нема цел тој да се конзервира. Тоа требало да го направат додека фабриката работела, пред триесетина години, а сега тоа место е контаминирана зона и не е можно да се санира. Затоа дадовме предлог на новата зграда на приземниот дел да се зачува автентичниот изгледот - ни објаснија од конзерваторскиот центар.


    Почетоците на фабриката се од 1932 година 


    Фабриката „Аеро"

    Фабриката „Аеро" во општината Кисела Вода била фабрика за производство на сапуни и разни прашоци за перење. Таа била изградена во 1932 година и претставувала една од најсовремените фабрики во градот и пошироко во тоа време. Сопствениците дури и ги извезувале своите производи во јужна и западна Србија. По војната, таа е национализирана и прекрстена во фабрика „Цветан Димов". Подоцна со сапунарницата стопанисувал „Алкалоид". Во „Цветан Димов" се произведувале сапуни, наречени „ѓирит", „марсејски", „бел сапун" (без свинска маст за муслиманите), како и разни тоалетни и парфимирани сапуни. Суровини набавувале од Далмација, Лондон, Ротердам, Хамбург, а парфемите од Франција. Во фабриката, освен оддели за производство на сапуни, имало и погони за производство на вреќи од јута и парафински масти.


     
       
    Автор: Катерина Панчевска   Фотографија: Игор Бансколиев
     

     

    Извор: “Нова Македонија“

    Views: 277 | Added by: Вељанко | Rating: 0.0/0
    Total comments: 1
    1 Вељанко  
    0
    ПЕСНА ЗА ФАБРИКАТА ЗА САПУНИ

    Поминувавме и ги затнувавме носовите,
    забрзувајќи го чекорот, 
    минувајќи со прстите 
    по белата ограда. 
    Уште како деца знаевме
    дека тука се прави сапун, 
    тој мирис, ни остар, ни гаден, 
    а непријатен
    и олеснувањето кога ќе го одминевме.
    Потоа прелетувавме со велосипедите набрзина
    и после потоа мирисот исчезна.
    Во фабриката за сапуни
    не се правеа повеќе сапуни.
    А и цвеќињата и грмушките
    мирисаа тогаш да ја најават пролетта, 
    со жолти и црвени цветови
    и мајските бумбари
    го живееја својот век, 
    и во зима паѓаше снег, 
    и секако, 
    мирисаше на сапун
    кога поминувавме покрај фабриката.
    Урнатините дојдоа подоцна, 
    кога поминаа зајдисонцата
    што го бојадисуваа денот 
    со последните бои и
    утрата кои пламтеа од исток.
    Како некој знак на распаѓање, 
    тие, урнатините, 
    се појавија некако одеднаш, незабележливо, 
    и ноќите не беа повеќе така полни со траги 
    од заостанатите муабети,
    зашто веднаш по фабриката за сапуни
    имаше фабрика за леб, 
    и навечер одминувајќи ја
    го мирисавме лебот кој се печеше внатре, 
    и застанувавме во малите бурекџилници
    да ја изедеме својата четвртина,
    пред да кинисаме по дома, 
    опиени од се и сешто, 
    надокрај од разните мириси.
    Ја снема фабриката за сапуни, 
    како преку ноќ да се појавија
    тие урнатини.
    И мирисот на топол леб исчезна, 
    испари патем без посебно значење, 
    бурекџилниците престанаа
    да бериќетат во делот од ноќните мириси, 
    муабетите како да запреа
    во својата вредност.
    Останаа и стоеја долго урнатините, 
    немо сведочејќи за едно одминато време, 
    сите ги гледавме на свој начин, 
    со свој поглед и своја визија, 
    па и тоа помина.
    И ете ги сега,
    ги погледнаа со нов поглед, 
    ќе бидат згради и деловни простории, 
    ќе има паркиралиште за нови коли, 
    и простор за бизнис клима.
    Ќе се вклопат урнатините,
    никој веќе нема да го затнува носот, 
    не велам не, од мирисот што излегуваше
    од фабриката за сапуни, 
    не велам не, 
    и денешните нема да прашуваат
    зошто вака мириса, бидејќи
    се ќе биде кристално јасно,
    не велам не,
    треба да се чисти.
    Остана “Мамут“ и бурекџилницата “Кичево“
    и душата... 
    да го чува минатото
    од надоаѓачката сегашност,
    каде недалеку од се уште урнатините 
    се надвиснале над улицата
    и недоградените станови на ФИКОМ, 
    непостоечките станови за многумина, 
    а ете ги стојат, 
    и тие немо сведочат
    за СВОЕТО НЕПОСТОЕЊЕ.

    Кој таму ќе се всели и 
    каде ме одведе споменот 
    за фабриката за сапуни?

    Овој збор не сака ништо да каже,
    само си тече по некој свој тек...
    И да, да не заборавам, 
    ’ко бонбона е таа нова зграда 
    до урнатините,
    со портокалови балкони
    и деловни простории
    на приземјето.
    Банките работат
    со полна пареа.
    Но по долго носење
    секому му смрдат чорапите.

    Како тркало од велосипед
    кое го мазни асфалтот,
    остана и тротоарот.
    Останаа и некои 
    нови мириси, веројатно, 
    транзициски...

    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024