"Галичник засекогаш" е вреден труд на Кипроски
Монографијата „Галичник засекогаш", дело на Киро Кипроски, е промовирана во Центарот за култура АСНОМ во Гостивар
Последниот публицистички труд на пензионираниот новинар Кипроски пред гостиварската публика го промовираа рецензентите академик Радован Павловски и Коста Граоркоски.
Тие во излагањата напоменаа дека ова е вреден труд, бидејќи хронолошки и прецизно ги бележи сите изданија на манифестацијата Галичка свадба и редица настани во изминативе педесет години.
Во книгата има над двесте текста и триста фотографии, од кои најголемиот дел се дело на Кипроски. Монографијата „Галичник засекогаш" содржи написи објавувани во весници и магазини, песни, анегдоти и необјавени текстови на авторот.
Промоцијата, покрај читање делови од содржината, беше збогатена и со изведба на неколку музички композиции, карактеристични за мијачкиот крај.
|