Празнина КОЈА сјае: Македонија Tuesday, 2024-12-24, 9:25 PM
Welcome Guest | RSS
Main | | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Calendar
«  November 2013  »
SuMoTuWeThFrSa
     12
3456789
10111213141516
17181920212223
24252627282930
Entries archive
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » 2013 » November » 15 » НЕОЧЕKУВАН ПРЕСВРТ НА KАВKАСKАТА РЕПУБЛИKА ЕРМЕНИЈА И' ОТКАЖА ЉУБОВ НА ЕУ ЗА СМЕТКА НА РУСИЈА
    1:28 AM
    НЕОЧЕKУВАН ПРЕСВРТ НА KАВKАСKАТА РЕПУБЛИKА ЕРМЕНИЈА И' ОТКАЖА ЉУБОВ НА ЕУ ЗА СМЕТКА НА РУСИЈА

    НЕОЧЕKУВАН ПРЕСВРТ НА KАВKАСKАТА РЕПУБЛИKА

    ЕРМЕНИЈА И' ОТКАЖА ЉУБОВ НА ЕУ ЗА СМЕТКА НА РУСИЈА

    Ерменија се откажа од влезот во ЕУ и ја избра Царинската унија со Русија, Kазахстан и со Белорусија, пишува „Руска реч". По повеќегодишното преговарање на Ереван со Брисел, ваквиот пресврт беше неочекуван за многумина, но експертите истакнуваат дека Ерменија едноставно внимателно ја избрала подобрата економска и безбедносна понуда. Kако што се покажа, кусата „војна за гас", договорите за испорака на руско оружје за Азербејџан и конечниот договор за стапување на Ерменија во ЕУ и во НАТО биле само вовед во јакнењето на билатералните односи меѓу Русија и Ерменија. 


    Се работи за тоа дека двете држави си требаат една на друга. Русија ~ гарантира на Ерменија заштита од агресија, а Ерменија ~ овозможува на Русија да си ги зацврсти позициите во Западна Азија. Па сепак, во Европа с` уште се зборува дека членството на Ерменија во Царинската унија нема да биде пречка за нејзино политичко и економско зближување со ЕУ. Сега веќе не е можно потпишување спогодба за придружно членство со ЕУ, но Брисел и покрај тоа инсистира на зближување со Ереван. 

    Селективна трпеливост на ЕУ

    Трпеливиот став на ЕУ кон една кавкаска република е во целосен контраст од тонот со кој ЕУ разговара со Украина, која во суштина е принудена да избира меѓу Русија и Западот. Експертите сметаат дека причина за тоа е подобро осмислената политика на ерменското раководство. Имено, тоа во изминатите години се воздржуваше од недвосмислено изјаснување за или против ЕУ. Ереван во локалните медиуми организира голема пропагандна кампања за поддршка на соработката со Брисел, но притоа стори с` да не ги расипе односите со Kремљ. Ерменија доследно ги водеше преговорите и со ЕУ и со Русија, очекувајќи од двете страни да ги понудат конечните услови за соработка. За Ереван е најважно прашањето на безбедноста на земјата зашто Ерменија е сместена меѓу Турција и Азербејџан, две непријателски настроени земји, кои отворено го загрозуваат нејзиното постоење, па Брисел и Москва мораа да дадат гаранции во тој поглед. ЕУ не ~ даде на Ерменија гаранции дека ќе биде сочувана нејзината територијална целовитост, па изборот падна на Москва. За потсетување, Русија и Ерменија веќе имаат договор за заштита на границите, кој важи до 2044 година.

    Меѓутоа, ЕУ и понатаму покажува интерес за Ерменија, кој е различен од интересот за Грузија или за Украина. Ерменија и за европските земји и за Русија е клучот со кој може да се зацврсти влијанието во целиот кавкаски регион. Прво, нејзината географска положба пречи за обединување на Турција и Азербејџан. Второ, ако Брисел има во Ереван „послушно раководство", како тоа на Сакашвили во Грузија претходната деценија, в раце ќе има моќен инструмент за влијание врз САД преку Анкара, со која Вашингтон е во сојуз. И трето, Русија тогаш би била целосно отсечена од регионот на Блискиот Исток. 

    Живот без блокади

    Од друга страна, сојузот со Ерменија за Русија претставува гаранција за присуство во целиот кавкаски регион и во Западна Азија.

    Односите меѓу Москва и Ереван и инаку беа блиски, а Царинската унија само дополнително ќе ги зајакне. Двете земји веќе дадоа до знаење дека отсуството на заеднички граници не е пречка туку дополнителен стимул за продлабочување на соработката. И двете земји сметаат на обновување на железничкиот сообраќај преку Абхазија и Грузија, при што Грузија би станала транзитна територија меѓу Русија и Иран. Така влезот на Ерменија во Царинската унија ќе ~ овозможи на Русија уште подобро да се зацврсти во регионот и да добие најкус копнен коридор кон Персискиот Залив. За Еерменија, стапувањето во Царинската унија би можело да биде чекор кон решавање на главниот проблем што ја мачи оваа земја веќе 23 години. Станува збор за укинување на блокадите. Ерменија не можеше нормално да се развива токму затоа што е отсечена од Русија, а нема копнена сообраќајница кон Европа. Поради немањето врска со „надворешниот свет", Ерменија во последните години практично остана без својата научна школа, која се сметаше за една од најсилните во бившиот Советски Сојуз. Дојде до застој во хемиската и во електронската индустрија, во металургијата и машиноградбата, а затворени беа и наоѓалишта на важни ретки земни метали. Ако Ереван ~ помогне на Москва во убедувањето на Тбилиси да го овозможи железничкиот сообраќај, тоа ќе биде вистински подарок за ерменската влада, која последните неколку години со голем напор ја спасува економијата на земјата од целосен колапс.

    ТЕЖОК УСЛОВ ОД БРИСЕЛ ЗА УКРАИНЦИТЕ

     

    Неодамна во Брисел на Украина ~ беше јасно дадено до знаење дека најважен услов за евроинтеграции е отсуството на какви било интеграции со Русија, дури и тие што се очигледно економски исплатливи. Одлуката на ерменскиот претседател Серж Саркисјан да ~ се придружи на Царинската унија на Русија, може да се толкува како отстапка, како уцена или кој како сака. Но факт е дека Ерменија можеше да избира меѓу Русија и ЕУ. Но и ставот на Ереван беше суштински различен од тој на Украина, која прво се определи, а потоа почна да се ценка. Природно е што ЕУ, гледајќи ја брзоплетоста на украинските политичари, му постави на Kиев строги услови, што негативно влијаеше на неговите односи со Русија - вели Владимир Жарихин, заменик-претседател на Институтот за проучување на Заедницата на независни држави.

    Views: 274 | Added by: Вељанко | Rating: 0.0/0
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024