Празнина КОЈА сјае: Македонија Tuesday, 2024-12-24, 9:22 PM
Welcome Guest | RSS
Main | | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Calendar
«  November 2013  »
SuMoTuWeThFrSa
     12
3456789
10111213141516
17181920212223
24252627282930
Entries archive
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » 2013 » November » 18 » OДБРАНАТА БАРА УКИНУВАЊЕ НА ПРЕСУДАТА ДОЖИВОТЕН ЗАТВОР ЗА ЈАКИМ
    11:08 PM
    OДБРАНАТА БАРА УКИНУВАЊЕ НА ПРЕСУДАТА ДОЖИВОТЕН ЗАТВОР ЗА ЈАКИМ

    OДБРАНАТА БАРА УКИНУВАЊЕ НА ПРЕСУДАТА ДОЖИВОТЕН ЗАТВОР ЗА ЈАКИМ

    Во пресудата на првостепениот суд има контрадикторности, бидејќи не е земена во предвид изјавата на Трифуновски во нејзиното донесување, иако таа била поткрепена со материјални докази и вештачења, наведе одбраната на рочиштето во Апелациониот суд во Гостивар во врска со жалбата по пресудата за доживотен затвор на поранешниот полицаец осуден за двојно убиство.   

    Адвокатот на Јаќим Трифуновски пред петчлениот образложи дека 
    материјални докази и вештачењата во постапката ја потврдуваат изјавата на Трифуновски.

    - Првостепениот суд не ја зеде за веродостојна и верува само на исказите на сведоците кои на многу места се контрадикторни. Од овие причини бараме укинување на пресудата од Основниот суд и враќање на предметот на повторно судење, рече адвокатот Митко Солаков.

    Според него, постои голема контрадикторност во пресудата, бидејќи Трифуновски од една страна е осуден за убиство со умисла, а од друга страна во второто дело за кое е прогласен виновен, предизвикување општа опасност постои небрежност. 

    Трифуновски беше спроведен со затворска полиција и обезбедување, а во судницата беа и неговите родители како подносители на една од трите жалби. 

    Откако на јавната седница беа прочитани пресудата и жалбите петчлениот судски совет треба да донесе решение дали ќе ги прифати или не.  

    Основниот суд во Гостивар донесе пресуда со која Трифуновски беше прогласен за виновен и го осуди на доживотен затвор во февруари годинава.  По една година од настанот во кој екс полицаецот додека не бил на должност  со службениот пиштол застрела двајца гостиварци. Во одбраната тој тврдеше дека пукал за да ја заштити својата ќерка и да си го спаси животот
    Зоран Г. Маџоски

     
    Извор: “Дневник“
    Views: 335 | Added by: Вељанко | Rating: 0.0/0
    Total comments: 1
    1 Вељанко  
    0
    И тоа како... итн...

    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024