Денешното соопштение на Сергеј Чемезов доаѓа откако минатата недела го посетија Египет руските министри за надворешни работи и одбрана. Сепак, Чемезов не изнел никакви детали поврзани со договорот.
Според Чемезов Египет изразил интерес и за друго руско оружје, вклучително борбени авиони и хеликоптери, но и дека има проблем за финансирање на овие набавки. Чемезов, истакна дека постои можност Египет да побара кредит од Русија за финансирање на набавката на руско оружје.
Извор: “Денешен Весник“