На овој ден, во 1943 година, во Јајце, беше одржано второто заседание на АВНОЈ на коешто за претседател на државата беше избран Јосип Броз Тито, а се поставија и темелите на Демократска Федеративна Југославија. Две години подоцна, на истиот датум беше преименувана во Федеративна Народна Република Југославија, за подоцна да го добие конечното име, Социјалистичка Федеративна Република Југославија , кошто го знаевме сè до почетокот на деветесеттите од минатиот век.
Без разлика дали ви се допаѓа југоносталгијата или не, овој датум своевремено беше еден од најпопуларните југословенски празници, а поединци и денес со голема желба го прославуваат, иако Југославија повеќе не постои.
За сите тие, а и за оние коишто ќе се пронајдат во приказната за Југославија на ваков или онаков начин... Честит празник Југославијо и Југословени.
Извор: "brkajrabota"