Празнина КОЈА сјае: Македонија Tuesday, 2024-12-03, 8:09 PM
Welcome Guest | RSS
Main | | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Calendar
«  November 2013  »
SuMoTuWeThFrSa
     12
3456789
10111213141516
17181920212223
24252627282930
Entries archive
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » 2013 » November » 30 » Прават туршија без конзерванси и чистат без хемикалии
    6:29 AM
    Прават туршија без конзерванси и чистат без хемикалии

    Прават туршија без конзерванси и чистат без хемикалии

    Освен од вакцини, лекови, генетички модифицирана храна, храна со пестициди, граѓани сѐ повеќе стравуваат и од употребата на средства за чистење. Или, пак, свеста за избегнување на хемијата сѐ повеќе расте на сметка на природните супстанции. Научниците не се противат на природните препарати, но предупредуваат да не се користат наивно, а и рецептите да се проверуваат со хемичари

     

    Стравот од хемсики препарати ги врти луѓето кон природата

    Комбинација на оцет и хидроген за дезинфекција на тоалетот, сода бикарбона за отстранување миризба од пластични садови, оцет и сода бикарбона за одржување на кујната... Ова се само некои од комбинациите од рецепти за природни средства за чистење што се споделуваат на Интернет. Освен од вакцини, лекови, генетички модифицирана храна, храна со пестициди, граѓани сѐ повеќе стравуваат и од употребата на средства за чистење. Или, пак, свеста за избегнување на хемијата сѐ повеќе расте на сметка на природните супстанции. Научниците велат дека тоа се должи и на повеќето афери поврзани со употребата на хемиски супстанции, нивната злоупотреба, но и на сѐ поголемото ширење на информациите дека е можно тука да лежи виновникот за зголемувањето на бројот на тешките заболувања. Научниците не се противат на природните препарати, но предупредуваат да не се користат наивно, а и рецептите да се проверуваат со хемичари. 

    Поддршка за природното

    Виктор Стефов, професор на Институтот по хемија на Природно-математичкиот факултет, вели дека иако е хемичар, поддржува сѐ што е природно, а со тоа и поздраво.

    - Нема сомнеж дека свеста кај граѓаните расте за доброто што го носи употребата на природното. И во светот има таква тенденција, луѓето сѐ повеќе избираат да јадат органска храна. Хемиските средства за чистење на домот можеби се поефикасни од оцетната киселина, но тие го нагризуваат и го оштетуваат металот. Производот со хемикалија повеќе трае, но сепак е хемикалија. Природните средства се поздрави и за човекот и за околината - вели Стефов. 

    М-р Илчо Захариев, поранешен директор на Бирото за лекови, вели дека тенденцијата да се оди повеќе кон природното наместо кон хемијата е резултат на тоа што граѓаните денес се посвесни за придобивките од природата, за разлика од порано. 

    - Во минатото старите луѓе доматите, пиперките, но и друг вид зеленчук и овошје, ги сушеле. Оделе на дехидрирање, односно сушење. Суштината било во тоа да ги дехидрираат, а тоа спречува овошјето и зеленчукот да скапуваат и да имаат краток рок на траење. И оваа практика опстојувала со години. Факт е дека хемикалиите прават производите да бидат подолготрајни, но секако се понездрави и за човекот и за околината - вели тој. 

    Смеса и за бубачки

    Захариев потсетува дека, на пример, туршијата во минатото се приготвувала без конзерванси. Се чувала во дрвени каци, за разлика од денес, кога се складира во стаклени или пластични амбалажи. 

    - Дрвените садови ги попарувале со врела вода, со што ги стерилизирале. А ние денес сме научени храната да ја чуваме во несоодветни амбалажи. Кога колеле свињи на пример, месото го посолувале со едра сол и го чувале исто така во дрвени каци. Таквиот начин спречувал расипување на месото. Јас сум поборник за здрава храна, кај мене дома не се купуваат сувомесни производи. Лековите од природата имаат фантастичен ефект на долг рок, а денес тоа полека се сфаќа. Расте свесноста кај луѓето, оти сфаќаат дека мора да го променат квалитетот на живеењето - додава тој. 

    - Алкохолниот оцет е одличен за мрсни дамки. Исто така, одлично ги решава непријатните мириси, нетоксичен е и неговиот мирис брзо исчезнува по чистењето. Немојте да го користите на камени или мермерни површини, а користете само бел алкохолен оцет - пишува на еден од форумите каде што членовите разменуваат рецепти за природни средства за чистење. 

    Меѓу препораките се и оние за чистење стакло со мешавина на оцет и вода. Против бубачки и бубашваби дома подготвуваат средство од варена жолчка од јајце, варен компир и ациди борици.

    - Се меси како тесто, се прават топчиња, се распоредуваат на повеќе ќошиња во станот и ќе ги снема бубачките - пишуваат членовите. 

    Споделуваат информации дека замирисани пластични кутичиња за чување храна може да се одмирисаат ако се стави да постои сода бикарбона и вода во нив. 

    - Во принцип, содата чисти мрсни работи од плочки, текстил - пишува.

    Проверете оти ѓаволот ни ора ни копа

    Еден од рецептите за замена на прашок за перење алишта и омекнувач, што се споделува на Интернет, вели да се намали дозата прашок за перење алишта на половина, во преградата за прашок треба да се стави половина чаша сода бикарбона. Потоа по желба може да се капнат до пет капки етерично масло од еукалиптус или чајно дрво, а да се додаде капаче оцет во преградата за омекнувач. Друг рецепт е со рендан сапун за перење што содржи содиумпалмат, содиумкоконат или содиумталоват, боракс, сода бикарбона, вода и етерично масло. 

    Проф. д-р Владимир Петрушевски вели дека средствата за перење поминале многу тестови и она што доаѓа до потрошувачите е безбедно. 

    - Комбинацијата од оцет и хидрогенпероксид не е опасна, но ако се искомбинира хидрогенот со солна киселина може да биде многу опасно. Не е умно премногу да се експериментира со привидно наивни супстанции, оти не знаете што може да се изроди. Може од две неопасни супстанции да се добие опасна, тоа е хемија. Оној што не е хемичар не може да претпостави колку е безбедно тоа што го прави. 
    Затоа, не е лошо да се консултираат со познавач на работите пред да ги користат. Знаете како велат, ѓаволот ни ора ни копа. Добро е да се провери со некој на кој хемијата му е струка пред да се примени нешто за што се зборува - вели Петрушевски. 

     
       
    Автор: Наташа Бошковска-Златкова / Антонија Поповска-Христов  
     
     
       Извор: "Нова Македонија"
    Views: 431 | Added by: Вељанко | Rating: 0.0/0
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024