Празнина КОЈА сјае: Македонија Wednesday, 2024-12-04, 10:03 PM
Welcome Guest | RSS
Main | | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Calendar
«  April 2014  »
SuMoTuWeThFrSa
  12345
6789101112
13141516171819
20212223242526
27282930
Entries archive
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » 2014 » April » 7 » МАНАСТИРСКИТЕ ДАБЈЕ ГО ЧУВААТ ДЕМИР ХИСАР
    11:26 PM
    МАНАСТИРСКИТЕ ДАБЈЕ ГО ЧУВААТ ДЕМИР ХИСАР

    МАНАСТИРСКИТЕ ДАБЈЕ ГО ЧУВААТ ДЕМИР ХИСАР

     

    Жанета Здравковска

    Го викаме манастирски даб. Се верува дека постои откако бил изграден манастирот „Св. Никола Топлички“, еден од најстарите во Демирхисарско, некогашен центар на плодна книжевна дејност. Меѓу жителите постои култ кон дрвото и никој не се осмелил да го чепне неговото долговековно стебло или да ја скроти неговата раскошна крошна. Вака, со возбуда во гласот, ни раскажа 82-годишниот жител на село Слоештица, Милан Митрејчевски, изненаден поради тоа што некој пројавил интерес да пишува за дрвјата што им пркосат на вековите. 

    Старецот н` поведе до џиновското дрво високо 22 метра, со стебло дебело 4,5 метри. Рече четворица мажи да ги испружат рацете не можат да го префатат. Гранките ги протега до каменоломот, крај патот кој води до манастирот. 

    - Дрвото ја симболизира македонската цврстина и истрајност. Kај што има манастир, има и даб, што кажува колку години постои храмот. Во минатото кога се основала црква, засадувале даб. Пред секоја црква во овој крај има вакво повеќевековно дрво. Јас сум 82 години и паметам дека ни моите предци не знаеја да кажат кога манастирскиот даб бил засаден - ни рече Митрејчевски.

    Во селото се верува дека дабот е заштитник на манастирот „Св. Никола Топлички“ сместен во место оградено од сите страни  со планини и густа шума, па заштитено од ветришта. Низ вековите во овој манастир се одвивала плодна книжевна дејност, препишувачка и преведувачка. Свои записи оставил книжевникот Макарија Топлички, за кого не се сочувани позначајни податоци.

    Дабовите стебла се феномен на демирхисарското село Слоештица. Топличкиот манастир не е единствениот крај кого повеќевековеното листопадно дрво ги шири своите гранки. Во селото опстојува уште еден манастир посветен на светецот Никола, а пред него длабоки корени фатил друг манастирски даб. 

    - Имам 75 години, а од дете ги паметам дабјево како стари. Селаните не ги сечат зашто сметаат дека се на црквино место. И така со години постојат. Некои гранки што паѓаат суви ги собираме цела година и вечерта на 19 декември за празникот Свети Никола палиме оган. Се смета дека годината ќе донесе топлина - раскажува Нове Ѓорѓиовски, жител на Слоештица. 

    Ова село е опкружено со пет верски храма. Пред секој имало даб. Два паднале од старост, а другите три стебла ги победуваат ветровите низ вековите.

    ВО МРЕНОГА ИМА 35 РЕПРЕЗЕНТАТИВНИ СТЕБЛА

    Од општина Демир Хисар ќе поведат иницијатива за прогласување на манастирското дрво од Топлица, кое уште се нарекува и блатен даб, за природна реткост. Се смета за едно од ретките примероци на поединечни дабови стебла кое е добро развиено и зачувано. Вакви поединечни дабови стебла има само уште во неколку села во општините Велес, Македонски Брод и Битола.

    За природна реткост ќе биде прогласена и дабовата состоина кај манастирот „Свети Атанасиј“ на околу 2 километра од селото Мренога во Демир Хисар. На овој локалитет се среќаваат дури 35 репрезентативни дабови стебла од видовите цер, плоскач и горун и зафаќаат површина од 2,5 хектара.

    - Разговаравме со претставници на Македонското еколошко друштво. Експертите прифатија да се вложат со стручни совети и консултации, блатниот даб кај Слоештица и дабовата состоина во Мренога да бидат прогласени за природни реткости. Иницијативата ќе биде поднесена до Министерството за животна средина - изјави градоначалникот на Демир Хисар, Љупчо Блажевски.

    ДОЛГОВЕКОВЕН МАКЕДОНСКИ СИМБОЛ

    Дабовите лисја се претставени и на грбот на Република Македонија. Тие од одамна биле издлабени симболи во македонското копаничарство. Резбани листови од даб и желади има на безброј македонски иконостаси и декоративни предмети, во „Св. Богородица“ во Kаменско, Охрид, „Св. Јоаким Осоговски“, Kрива Паланка, „Св. Спас“ Скопје, „Св. Никола“ Kрушево, „Св. Јован Богослов“, Битола и на други места.

    Извор: “Дневник“

    Views: 264 | Added by: Вељанко | Rating: 0.0/0
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024