Празнина КОЈА сјае: Македонија Wednesday, 2024-12-04, 10:16 PM
Welcome Guest | RSS
Main | | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Calendar
«  April 2014  »
SuMoTuWeThFrSa
  12345
6789101112
13141516171819
20212223242526
27282930
Entries archive
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » 2014 » April » 8 » ЈА НАПУШТААТ БИТОЛА ЗА ДА ПАСАТ СТОКА ВО МАРИОВО
    11:44 PM
    ЈА НАПУШТААТ БИТОЛА ЗА ДА ПАСАТ СТОКА ВО МАРИОВО

    ЈА НАПУШТААТ БИТОЛА ЗА ДА ПАСАТ СТОКА ВО МАРИОВО

     

    По 34 години живот во Битола се вратив во Мариово да пасам стока, ја раскажува својата животна приказна овчарот Диме Стојановски, повратник во село Маково. Обратно од многумина битолчани кои изнемоштените родители ги земаат на догледување в град, тој се вратил во селската куќа да му помогне на стариот татко во одгледувањето на стоката.

    - Се вратив од Битола и милина ми е. Долго време живеев во град од 1976 година, а во Мариово е вратив пред четири години. Мајка ми почина и дојдов да го догледувам татко ми кој се занимава со стока и јас се зафатив со сточарство. Имам 20 кози, 20 говеда, 200 овци со јагниња. Но, немам невеста и деца, па од носталгија понекогаш на телињата им давам имиња по внуците - ни рече Стојановски.

    Тој не е единствениот жител што ја напуштил Битола за да се врати на село. Миграцијата град - село во Мариово претежно е поттикната од стечајните работници кои во времето на транзицијата останале без работа.

    - Порано работев во фабриката за ладилници „Фрижидери“ во Битола. Но, таа се затвори и се вратив тука зашто немав таму каде да живеам. Немав куќа, а ни пари за да плаќаме кирија - изјави Борче Гроздановски, жител од Маково.

    Над дваесетина поранешни граѓани на Битола се вратиле во мариовските села Маково, Рапеш, Будимирци, Зовиќ, Груниште, Старавина и Градешница. Меѓу нив има занаетчии, возачи, поранешни училишни служители, трговци.

    - Работев како шофер во превозното претпријатие „Транскоп“ 29 години. Го возев патот Битола - Мариово. Но, откако останав без работа, почнав во Мариово да одгледувам стока. Денес имам 200 крави што ги одгледувам за месо - вели Најдо Kалешковски од село Груниште.

    За квалитетот на телешкото месо од мариовскиот крај покажува и откупната цена од 200 денари, додека месо од други македонски региони се откупува за 130 денари жива мера. Расте цената и на јагнешкото месо пред велигденските празници, а канта мариовско сирење се продава по 50 евра. Тука во потрага по пасишта и егзистенција се населуваат и сточари од Дебарско. Ибраим Kаплан од Горна Жупа се доселил во Велесело каде што одгледува 1.400 овци.

    - До ова село не води ни асфалтен пат, но јагнињата стигнуваат дури на италијанските трпези. Селото е рекордер во извоз на јагнешко месо за странство зашто годишно од тука се извезуваат безмалку илјада животни преку извозници од Скопје и Гостивар. Јагнињата ги продавам за Италија посебно пред Велигден. Цената на јагне достигнува над 50 евра - вели Kаплан.

    Од општина Новаци, под чија територија спаѓа Мариово, оценуваат дека сточарството е во пораст. Дури и македонски иселеник во Австралија бил заинтересиран да се врати во селото Марково и да направи фарма.

    - Тука стоката е пуштена на слободна паша зашто овој крај изобилува со пасишта и претежно се одгледува автохтона крава, буша, која дава квалитетно месо. Дури и прехранбена компанија од Хрватска откупува месо од Мариовско кое го користи за производство на гулаш - изјави Лазар Kотевски, градоначалник на Новаци.

    ПО 166 ГРЛА ДОБИТОК НА ЖИТЕЛ

    Во моментот се проценува дека Мариово брои околу 25.000 грла добиток, а има 150 жители што значи 166 грла на жител.

    - Ова е до некаде резултат и на субвенциите. Таму помалку има молзни крави, крајот е ориентиран на номадско сточарство. Но, се знае дека Пелагонија и Мариово се регион со најмногу стока во земјава - изјави Илија Србиновски, началник на одделението за земјоделство во Битола.

    Жанета Здравковска

    Извор: “Дневник“

    Views: 274 | Added by: Вељанко | Rating: 0.0/0
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024