Празнина КОЈА сјае: Македонија Wednesday, 2024-12-04, 9:53 PM
Welcome Guest | RSS
Main | | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Calendar
«  April 2014  »
SuMoTuWeThFrSa
  12345
6789101112
13141516171819
20212223242526
27282930
Entries archive
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » 2014 » April » 29 » САНКЦИИТЕ КОН РУСИЈА НЕМА ДА НАШТЕТАТ НА СОРАБОТКАТА СО МАКЕДОНИЈА
    3:11 AM
    САНКЦИИТЕ КОН РУСИЈА НЕМА ДА НАШТЕТАТ НА СОРАБОТКАТА СО МАКЕДОНИЈА

    САНКЦИИТЕ КОН РУСИЈА НЕМА ДА НАШТЕТАТ НА СОРАБОТКАТА СО МАКЕДОНИЈА

     

    Извршниот директор на Македонско-руската стопанска комора, Дејан Бешлиев, вели дека нашиот извоз е најмногу во лекови и храна, а санкциите не се однесуваат на овие производи

    Иван Бојаџиски



    Штип - Дали економските санкции кои ги воведуваат ЕУ и САД кон Русија поради ситуација на Крим и воопшто во Украина на каков било начин можат негативно да се одразат на стопанската соработка и на стоковната размена меѓу Македонија и Русија? Колку и кои македонски производи се застапени на големиот руски пазар и постои ли страв од пад на извозот на наши производи во најголемата по територија држава на светот? На оваа актуелна тема разговараме со Дејан Бешлиев, извршен директор на Македонско-руската стопанска комора. 

    „Наша процена е дека оваа ситуација на никој начин не може да влијае на стопанската соработка меѓу двете држави. Бидејќи, пред се', нашиот извоз е доминантен во лекови и во храна, а санкциите не се однесуваат на овие производи. Во однос на увозот на енергија од Русија, во Комората сметаме дека санкциите кон Русија од страна на ЕУ и Америка нема да имаат одраз врз нашиот увоз на нафта и гас. Конечно, Македонија не е членка на ЕУ и како држава нема обврска да ги следи и поддржува овие санкции, туку треба да се води од своите интереси“, вели Бешлиев.

    Македонско-руската стопанска комора е формирана во 2005 година со цел да се обноват и уште повеќе развијат економските врски меѓу стопанствата на двете држави.

    „Во Комората членуваат и македонски и руски компании, а од 2009 година нашата Комора е официјален партнер на Стопанската комора на Руската Федерација, што ни овозможи уште поголем простор за пристап до информации од сферата на стопанството. Наша главна определба беше и останува поврзување на нашето стопанство со региони на Руската Федерација. Во таа смисла, ние од самиот почеток го следиме тој курс, па како резултат на тоа воспоставивме добра соработка со повеќе региони како Московскиот, Ростовскиот, регионите на Сочи, Самара, Вороњеж, Липецк и Вологда. Соработката се остварува на релација Стопанска комора на Македонија – стопански комори на секој од спомнатите региони. Овој начин на соработка се покажа како соодветен и успешен па како резултат на тоа пред две години е потпишан договор за соработка помеѓу Република Македонија и Московската област, а во тек се преговорите за потпишување соработка и со уште други два региона“, вели Бешлиев.


     

    Последниве години стоковната размена помеѓу двете држави се позиционира на околу 160 милиони долари увоз од Русија и 33 милиони долари извоз на наши производи на рускиот пазар. Бешлиев вели дека дефицитот на македонска страна е резултат на тоа што ние како држава сме енергетски зависни, па дури 90 проценти од рускиот извоз кон Македонија се однесува на гасот и нафтата.

    „За разлика од Русија, ние на рускиот пазар извезуваме поразновидно производство. Тука се, пред се' лековите, потоа делови за автомобили, земјоделски производи, вино, градежни врзивни елементи каде што со своето производство доминира ’Адинг’. Сепак, реално постојат можности за значително поголема стоковна размена, а со тоа и поголем извоз на наши производи на рускиот пазар. Ние би можеле да извезуваме значително поголем обем на овошје, зеленчук, чевли, текстил, вино... За такво производство рускиот пазар е постојано ’гладен‘, па ние во Комората упорно работиме со цел наскоро да оствариме обем на трговска размена од една милијарда долари, каков што го имавме во најуспешната 2008 година. Од Русија, покрај енергенси, би можеле да увезуваме и пченица, сончогледово масло, нафта, шеќер кои кај нас се дефицитарни. Во соработка со Министерството за земјоделство ќе продолжиме со учество на наши компании на саемот ’Мир и Питание‘ (Светот на храната) во Москва и на саемот за вино и други пијалаци ’Прод експо‘, зашто тоа е најдобар начин за презентација на нашето производство во оваа држава“, вели Бешлиев. 

    Македонија е дел од проектот „Јужен поток“ со кој треба да се обезбедат потребните количини гас за долг временски рок. Бешлиев потенцира дека ставот на Македонско-руската стопанска комора е дека покрај тоа што со овој проект Македонија си обезбедува енергетска стабилност , тој исто така ќе биде и повод за значително поголема соработка меѓу двете држави на стопански план. 

    „Наша процена е дека со реализацијата на овој проект, со енергетската стабилност која ќе ја добиеме преку ’Јужен поток‘, ќе порасне интересот на руските бизнисмени да инвестираат во Македонија. Ние мораме да бидеме свесни дека во моментот имаме многу мал обем руски инвестиции кај нас, а најпознати се компаниите ’Солвеј‘ која ги купи рудниците ’Бучим‘ и ’Саса‘, потоа ’Лукоил‘, ’Гришко‘, а руска е инвестицијата и во Јегуновце. Во Комората сметаме дека таа слика ќе биде значително позитивно променета кога ќе се реализира проектот за гасификација на државата, а за кој услов е изградбата на ’Јужен поток‘“, вели Бешлиев.

    Годинава, во организација на МРСК во Македонија во јуни ќе дојде поголема стопанска делегација од Нижни Новгород. За наесен е планирана посета на стопанственици од Ростов, а МРСК е во подготовки на настапот на наши компании на саемот „Мир и питание“ во Москва. Комората потпишала договор за меѓусебна соработка и со Меѓународниот славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“ Свети Николе – Битола при што во Комората, преку овој славјански универзитет на стажирање доаѓаат студенти од Русија кои ќе ги запознаат нашите фирми и нивното производство.

    „Тие во иднина ќе бидат најголемите промотори на македонските производи во нивната татковина“, вели првиот човек на МРСК.

    Извор: “Утрински Весник“

    Views: 271 | Added by: Вељанко | Rating: 0.0/0
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024