Според земјоделците, површините се речиси целосно уништени.
- Вакво невреме не се памети во селото. Полето е страшно. Се е уништено. Морав со лопата да го чистам градот за да може водата да истече, изјави Симо Јанкулов, жител на Николич.
Градот со големина на орев и силниот ветер скоро ги откорнаа покривите на три куќи во селото.
Од општинската комисија за проценка на штетите од невремето соопштија дека деновиве ќе се излезе на терен за да се утврди фактичката состојба според која ќе биде изготвен елаборат за штетите.
Извор: “Нова Македонија“