Празнина КОЈА сјае: Македонија Wednesday, 2024-12-04, 9:46 PM
Welcome Guest | RSS
Main | | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Calendar
«  June 2014  »
SuMoTuWeThFrSa
1234567
891011121314
15161718192021
22232425262728
2930
Entries archive
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » 2014 » June » 22 » ОСТАНАВ БЕЗ РАБОТА ПОРАДИ ПОДДРШКАТА ЗА РУСИЈА
    2:39 PM
    ОСТАНАВ БЕЗ РАБОТА ПОРАДИ ПОДДРШКАТА ЗА РУСИЈА

    ОСТАНАВ БЕЗ РАБОТА ПОРАДИ ПОДДРШКАТА ЗА РУСИЈА

    Европските новинари и аналитичари кои ја поддржуваат позицијата на Русија во однос на настаните и кризата во Украина се подложени на силен притисок од властите и не можат во медиумите да ги изразат своите ставови, оценува норвешкиот политички аналитичар, професор по историја и експерт за Русија, Бјорн Дитлеф Нистад. 

    Според него, поддршката на руските позиции може да биде причина за отпуштање од работа на вработени на универзитет, за „отстранување“ од организациите на писатели, но и за недостапност до грантови, текстови и анализи во кои има критики за ЕУ и за некои европски земји поради нивниот однос кон Москва. 

    - Мојот пример е доказ за таквиот однос. Пред неколку години предавав Историја на Русија на Универзитет во Осло. Во тоа време напишав текст во норвешки весник и се обидов да ја бранам политиката на руската влада за прашања за Чеченија. Знам дека некои некои луѓе во некои организации во Норвешка реагираа многу негативно на ова, исто како и некои професори и раководството на универзитетот. Тогаш не ми рекоа ништо, но знам дека некој контактирал со администрацијата на Универзитет и рекол дека било лошо тоа што сум ја бранел руската политика и Русија. Kако резултат на тоа, мојот договор за работа на Универзитетот не беше обновен – вели Нистад за „Дневник“. 

    Објаснувањето што го добил било дека не му го продолжиле договорот бидејќи ќе морале да го вработат на неодредено, но како што ни изјави, и самиот тој и колегите на универзитетот знаеле дека тоа е само оправдување. Тој не се сомнева дека причина за останувањето без работа биле неговите политички ставови, особено откако бил посоветуван од колегите да не дава такви изјави и коментари и да не заборава дека нема постојано вработување. Потврда за тоа добил и од академската комисија за вработувања, која заклучила дека не треба да ја добие работата бидејќи ја бранел Русија. 

    Неговиот случај го става во графата „слобода на изразување“. 

    - Слободата на изразување е вредност за која се залага Европа. Тие, се разбира, велат дека ја бранат слободата на изразување. Но ако објавиш текст во списание или во весник во кој се критикува политиката на европските власти, ќе бидеш казнет - додава Нистад. 

    Во најмала рака, нема да добиеш постојано вработување, вели тој, а дури и да имаш постојано вработување, нема да имаш пристап на пример до фондовите за истражување, бидејќи тие фондови доаѓаат од владата. 

    Проблемот, како што оценува тој, е што во Норвешка има многу „агресивни“ организации кои самите се нарекуваат организации за човекови права, а самиот тој ги опишува како политички организации кои ги притискаат владите кои земји и политики да ги следат во однос на некои прашања како што се Kина, Русија...

    - Не можам да го докажам тоа, но факт е дека тие креираат многу негативна слика во Норвешка, а често и во други земји, па тешко е да се брани Русија, на пример, за кризата со Украина. Ја напаѓаат политиката на Русија, ја обвинуваат дека не ги почитува човековите права, но не спомнуваат што друго се случува таму – вели Нистад. 

    Неговата намера е да се обрати до норвешката институција за слобода на говорот и оттаму да побара помош, но стравува дека може да биде исклучен од здружението на писателите и да го загуби единствениот приход, грантот за своето истражување.

    СТРАВОТ НА НОРВЕШКИТЕ МЕДИУМИ

    Во норвешките медиуми е тешко да објавиш нешто ако ја браниш Русија, на пример. Не е невозможно, ама е многу тешко. Немаат конкретно објаснување, туку велат дека добиваат многу текстови и не можат да објават с`, ни изјави историчарот Бјорн Нистад. 

    Неговата оценка е дека состојбата со медиумите во Норвешка не е многу сјајна, бидејќи се плашат да ја критикуваат владината политика и ако некој сака да објави нешто, тоа може да го стори само во мали, регионални весници. 

    - Мојата единствена грешка е што ја поддржувам политиката на Русија, а тоа се покажа како недозволиво во мојата земја – вели Нистад.

    Жана П. Божиновска

    Извор: “Дневник“

    Views: 258 | Added by: Вељанко | Rating: 0.0/0
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024