Празнина КОЈА сјае: Македонија Wednesday, 2024-12-04, 10:17 PM
Welcome Guest | RSS
Main | | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Calendar
«  June 2014  »
SuMoTuWeThFrSa
1234567
891011121314
15161718192021
22232425262728
2930
Entries archive
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » 2014 » June » 22 » ЛЕГЕНДИТЕ ОД ЖИВОТОТ НА ТЕТОВСКИТЕ ПЕСНИ
    4:22 PM
    ЛЕГЕНДИТЕ ОД ЖИВОТОТ НА ТЕТОВСКИТЕ ПЕСНИ

    ЛЕГЕНДИТЕ ОД ЖИВОТОТ НА ТЕТОВСКИТЕ ПЕСНИ

     

    Иако по својата содржина песните се сврзани за одделни настани и личности, вниманието сепак посебно го свртуваат оние што се посветени на тетовските убавици, чии судбини биле со најразлична животна приказна

    Гојко Ефтоски


    Пред нешто повеќе од сто години, низ сокаците на Тетово одвреме-навреме ќе се слушнела по некоја новосоздадена песна-севдалинка, во кои биле излеани емоции посветени на разни настани и судбини, но главно се однесувале на убавините на тетовските девојки, на неприфатена или невозвратена љубов, на судбини што ги наметнувале родителите или соседите, на разделби заради печалби и се' друго сврзано главно за сега веќе старо Тетово, околу населбите „Два Бреста“, „Поток“ и „Певчина“. Писателот и новинар од Тетово, Владимир Кочоски, во својата книга „Песни и судбини“ забележува: „Во тоа време се создадени најубавите народни песни – музички бисери кои имаат трајно место во македонското музичко творештво. Песните за тетовските убавици: Трпана Аноа, Благуња Пожаранка, Епса Димушева, Васка Евгова, Ѓорушица... со своите мелоритмички особености карактеристични за ова поднебје, и' дадоа посебен печат и израз на разноликост на македонската народна музика. Содржински најголемиот дел од песните се оригинални, исполнети со длабоки чувства и лиричност, а од особено значење е тоа што во сите нив се пее за автентични личности, кои давале сопствен печат на времето во кое живееле“, пишува Кочоски.

    Во тие години, кои траеле најмалку половина век, во Тетово се одвивал богат музички живот. Имало и надарени музички творци, најмногу останале анонимни. Едно е сигурно дека речиси немало настан или судбина сврзани за повидни граѓани за кои не биле испеани песни. Одекнувале овие ненотирани содржини, со или без рефрени, низ тетовските сокаци, упатени главно кон тетовските убавици. Се смета дека песните произлегувале од лица од поимотни семејства, од кои нивните потомци заминувале на школување или едукации во разни места на поблиската и пошироката околина. Со нивното враќање во Тетово, биле донесувани и разни музички инструменти чија музика одекнувала не само по сокаците, туку и на разни седенки, кафеани и други средини. Тие и тогаш создадени и опеани староградски народни песни, останале до денешно време и со посебно задоволство опстојуваат.

    Иако по својата содржина песните се сврзани за одделни настани и личности, вниманието сепак посебно го свртуваат оние што се посветени на тетовските убавици, чии судбини биле со најразлична животна приказна.

    Благуња, за која е поврзана песната „Благуњо дејче Пожаранче“ и Султана за која е опеана „Разболе се дилбер Тута“, судбината ги поврзала да станат јатрви. И додека Благуња наместо за Ацо абаџијата се мажила за Диме Бошњак, призренката Султана „горда убавица“ во Призрен останала без пород и по 30 години брак, кога и' починал сопругот. Судбината ја донела во Тетово каде во втор брак стапува со Миле Бошњак, роден брат на Диме, сопругот на Благуња. Султана вторпат останува осамена, бидејќи Миле починал, а шест месеци подоцна истата судбина ја нашла и Тута. За двете убавици, испеани се две лирски песни кои и денес со задоволство се слушаат.

    Сакајќи да и' се доближи на прекрасната Благуња, тетовецот Аце, минувајќи покрај куќата и' пеел:

    Благуњо дејче пожаранче,

    отвори ми џамли пенџер,

    сакам да те видим ја.

    Народниот творец, авторот на песната, возвраќа и со стихови на Благуња:

    Еј, гиди, Аце абаџија,

    Што д’творим џамли пенџер,

    кога не те сакам ја.

    Која е вистината околу настанувањето на оваа песна?

    Таткото на Благуња (родена 1889 година) Никола решил да се преселат од шарпланинското село Пожаране, кога ќерката имала 14 години. Во Тетово се пронела вест за доселувањето на убавата Благуња, која не останала незабележана и од Аце абаџијата. Како што било ред, испраќа и стројници, на што таткото им рекол дека се уште е мала и не е за мажење. Зад оваа определба се криела и тоа дека Ацо сепак потекнува од сиромашно семејство. Благуња била посвршена за Диме Бошњак. Тогаш и се отпеала песната, која нејзиниот свршеник не само што не се налутил, туку и самиот ја пеел.

    Султана, која од милост ја викале Тута, потекнува од семејство кое живеело во Призрен. Во Тетово се доселила некаде 1933 година. Втор брак склучила со Миле Бошњак, со кого исто така немала голема среќа. По смртта на својот втор сопруг и таа се разболела, а завршила со неостварена љубов со Ванчо Мицинога.

    Еве ги првите стихови од песната посветена на Тута, убавицата од Призрен:

    Се разболе дилбер Тута,

    дилбер Тута Јоргушеа,

    и' викаше стара мајка,

    стара мајка Јоргушица:

    Што ти е бре, дилбер Туто,

    дал си болна од болести.

    Речиси нема веселба или каков и да е повод, а да не се слушне песната „Срце ме боли за Трпана“. Низ неколкуте стихови од песната, своите чувства ги искажувал тетовецот Симо Сарафот, кој имал два обида Трпана да му биде животен сопатник, но не успеал. Сарафот бил на печалба во Америка. Во Тетово пристигнал кога Трпана имала само 14 години. Симо имал можност да ја види убавината на Трпана. Нејзиниот татко ги враќал стројниците. Симо имал обид и да ја граби, но се премислил. Трпана, сепак, на иста возраст, се омажила за Миљан Пајков, со кого родила еден син, но на нејзина 15-годишна возраст останала вдовица. Симо повторно допатувал од Америка, но и тогаш останал со празни раце. Трпана се мажи за Иљо Николовски, со кого изродиле дури пет деца. Затоа, пак, со големо задоволство ја слушал песната за неа, која станува белег на Тетово.

    Срце ме боли ќе умрем

    од мерак за Трпана.

    Многу градови сум шетау

    како тебе не најдов.

    Па се вратив Тетоо,

    да га свршим Трпана.

    Слична судбина се случува и со прекрасната Епса Димушоа. Таа го посакувала Мато Кузманов, наречен Шетовче, за кого била спремна и да оди бегалка. Нејзините родители го послушале стројникот Љубе Стојкојчин, инаку даскал и ја посвршиле за Душан Гигов. Сестрата на Мато, Перса, „која имала глас како славеј“, во придружба на дајре на кое самата удирала со прстите, за пропаднатата љубов на својот брат, прва ја испеала:

    Кажи Епсо Димушоа,

    кај те тебе посвршија?

    Ме свршија, посвршија

    у Ѓигота за Душана...

    „Ѓорушице црно око“ е песна отпеана за копнежот на доселеникот во Тетово, Симбил Кочо, по една мажена жена. Ленка била исклучиво убава и привлечна, со „црни очи“, мажена за Ѓоруш Пероски, терзија по занает.

    Определбата на Ѓоруш за убавата Ленка била манифестирана со упорноста повеќе пати да испрати стројници. На крајот, нејзиниот татко, кој давал очигледен отпор, попуштил пред се' по озборувањата низ тетовските сокаци. Речиси во исто време, во Тетово од Билеќа (БиХ) преку Призрен, се доселил Симбил Кочо, трговец по балканските земји. Тој сепак се оженил за друга, но кога ја забележал убавата Ленка, не можел да му одолее на срцето. Сепак, таа останала верна на својот Ѓоруш. Непознатиот автор, сепак, му испеал песна за желбата на Кочо, во која се вели:

    Ѓорушице црно око,

    промени се накити се.

    Кој ќе пројде Симбил Кочо,

    ќе ти рече: добро вечер,

    ти му речи: дојди вечер.

    Од слични причини и содржини отпеани биле и песните: „Кажи Васке Евгова“, „Отвори ми бело Ленче вратата“ и други.

    На овој „список“ се надоврзуваат уште многу песни со поинакви содржини. Такви се „Огреала месечина“, „Бог да бие аџи Зора“, „Изникнало рајско цвеќе“, „Шеќерино малој моме“, „А, бре, воденичаре“, „Чукав, чукав мале“ и уште многу други.

    Во сите случаи, се работи за творби на народниот умотворец, песни создавани на македонски јазик на локалното тетовско наречје.

    Извор: “Утрински Весник“

    Views: 796 | Added by: Вељанко | Rating: 5.0/1
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024