Празнина КОЈА сјае: Македонија Wednesday, 2024-12-04, 9:34 PM
Welcome Guest | RSS
Main | | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Calendar
«  June 2014  »
SuMoTuWeThFrSa
1234567
891011121314
15161718192021
22232425262728
2930
Entries archive
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » 2014 » June » 23 » Нишките на разбојот повторно ќе ја раскажуваат традиција
    9:49 PM
    Нишките на разбојот повторно ќе ја раскажуваат традиција

    Нишките на разбојот повторно ќе ја раскажуваат традиција

    Во соработка со одговорните во општината Босилово и со Министерството за култура, од неодамна во селото е отворена школа за ткаење, за младите да ја продолжат традицијата и да заживее овој занает повторно

     

    Денес во Македонија има малкумина што ја негуваат оваа вештина

    Младите во Босилово ја обновуваат традицијата на рачно ткаење

    Разбојот, кој бил дел од покуќнината речиси на секоја куќа во македонските села, и денес е симбол на македонскиот непрегор, издржливост, упорност и убавина. Вредните раце на креативните македонски жени на него ткаеле волнени јамболлии, бело платно, прегачи, чорапи, торби... Оваа креативна но макотрпна работа, која долго беше дел од традицијата на македонскиот народ, денес е заборавена, благодарение на брзиот развој на технологијата. Но и денес има малкумина што ја негуваат оваа вештина. 
    Една од нив е тетка Саветка Ристова од струмичко Ново Село. Иако нејзината примарна дејност е земјоделство, во слободното време таа се занимава и со ткаење. 

    - За жал, осамена сум во мојата желба да зачувам дел од традицијата, бидејќи никој од младите веќе не го интересира ткаењето на разбој. Можеби поради тоа што е тешка физичка работа, која бара сила, млада работна рака - вели тетка Саветка Ристова.

    Таа учела да ткае од својата баба, која ја упатувала во тајните на умешноста на создавање волнени ткаенини и други простирки, делови од облека, со традиционалните народни шари.

    ПОДГОТОВКА НА ВОЛНЕНАТА ПРЕЃА 

    - Досега имам исткаено многу волнени килими, со народни шари, но и со модерни мотиви. Помалку ткаам волнени чорапи, исто така со фолклорни елементи, шамии, делови од облека, главно за некое од културно-уметничките друштва, за народните носии што ги користат за настапите. И килимите веќе не се бараат, бидејќи сега младите поретко ги користат, бидејќи се скапи и бараат време и средства за одржување - вели тетка Саветка од Ново Село.

    За оваа неуморна жена процесот на ткаење почнува уште од подготвувањето на волната за предење, по што следува бојадисувањето во разни природни бои, потребни за шарата, нешто што одамна е заборавено и напуштено во традиционалната македонска куќа. Дури потоа следуваат подготвувањето и препознатливото наизменично тропање на нишалките, за на крајот од разбојот да излезе посакуваното платно. Процес што е релативно долг и бара многу труд и љубов.

    Но колку и да е тешка и неисплатлива традицијата на ткаење не смее да се напушти, велат од здружението „УНИСОНО“ од Струмица. Во соработка со одговорните во општината Босилово и со Министерството за култура, од неодамна во селото е отворена школа за ткаење, за младите да ја продолжат традицијата и да заживее овој занает повторно.

    БАБА ЗОРА ИНСТРУКТОРКА ПО ТКАЕЊЕ 

    Во ткаењето и учењето на занаетот ќе помага баба Зора Делчева од селото Секирник, Струмичко, која, како што вели, никогаш не го тргнала разбојот од својата куќа, иако младите во семејството често ѝ велеле да се ослободи од него.

    - Разбојот е нашата национална традиција. Со негова помош опстанале многу семејствата низ вековите и покрај големата сиромаштија. Сега младите се срамат да ткаат, но јас ќе ги научам, благодарение на силата, младешката љубов што ја црпам од нив - вели баба Зора Делчева.

    Засега оваа аматерска школа ќе работи во дворот на баба Зора Делчева, која ќе им го пренесува своето знаење на заинтересираните млади луѓе во ткаењето на разбој, а наскоро ќе се премести во просториите на Домот на културата во Секирник.

     
       

    Автор: Снежана Џорлева

    Извор: “Нова Македонија“

    Views: 386 | Added by: Вељанко | Rating: 0.0/0
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024