Празнина КОЈА сјае: Македонија Wednesday, 2024-12-04, 9:56 PM
Welcome Guest | RSS
Main | | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Calendar
«  June 2014  »
SuMoTuWeThFrSa
1234567
891011121314
15161718192021
22232425262728
2930
Entries archive
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » 2014 » June » 25 » Зборникот претставува книга над книгите
    2:24 AM
    Зборникот претставува книга над книгите

    Зборникот претставува книга над книгите

    Во една порака на Кочо Рацин за делото на Миладиновци стои: „Големото дело на браќата Миладиновци, исто како примерите на Пејчиновиќ, Прличев, Жинзифов и другите преродбеници од 19 век, со својата историска важност ќе се врати и ќе живее долго низ вековите“. Рајко Жинзифов, пак, подвлекол дека со овој зборник, Миладиновци изградиле највисок паметник

     

    СТО ПЕДЕСЕТ И ТРИ ГОДИНИ ОД ОБЈАВАТА НА ЗБОРНИКОТ НА МИЛАДИНОВЦИ

    На денешен ден, 24 јуни 1861 година, во приватната печатница на Анте Јакиќ на Влашката улица бр. 48 во Загреб, во претпладневните часови излезе од печат една од најзначајните книги за македонскиот народ, „Зборникот на народни умотворби“ на браќата Миладиновци од Струга. Ова дело уште во тоа време силно го побудило самочувството на обичниот македонски човек. Златната книга на македонската преродба од 19 век, како што е познато, излегла со помош на менторот на изданието, хрватскиот бискуп Јосип Јурај Штросмаер. 

    За Константин Миладинов, како што своевремено рекол, Зборникот бил само „општополезно сокровиште“ сè до мигот кога Штросмаер не почувствувал дека народните умотворби и песни претставуваат вистински бисерни зрна од грлата на измачениот македонски народ.

    „Јас го посеав семето, а вие бидете здрави и живи да го ожнеете неговиот плод“, напишал Димитар Миладинов како збогување пред неговата смрт. 

    Во една порака на Кочо Рацин за делото на Миладиновци, пак, стои: „Големото дело на браќата Миладиновци, исто како примерите на Пејчиновиќ, Прличев, Жинзифов и другите преродбеници од 19 век, со својата историска важност, ќе се врати и ќе живее долго низ вековите“. Рајко Жинзифов, пак, подвлекол дека со овој зборник Миладиновци изградиле највисок паметник. 

    За хрватскиот академик Горан Калоѓера: „Миладиновци се Македонци, Струга е македонски град, тие се будничари, преродбеници, фолклористи. Запишувајќи го прекрасниот Зборник на народни умотворби, тие се и големите борци за доброто и преродбата на својот народ, водители и организатори на учителскиот кадар во Македонија, граматичари, филозофи, поети“. 

    Зборникот на браќата Миладиновци претставува книга над книгите, со песни од Струга, Охрид, Битола, Прилеп, Магарево, Воден, Кукуш. Има 511 страници и вкупно 674 објавени песни (од кои 598 се македонски, а 76 се бугарски, кои Константин ги купил од бугарскиот фолклорист Васил Чолаков). 

    Класифицирани се во 14 тематски групи: самовилски, црковни, јуначки, овчарски, ајдучки, жаловни, смешни, љубовни. Овој летопис содржи над 23.000 стиха, 16 народни преданија и педесетина народни пословици, 104 гатанки, 422 машки и женски имиња и презимиња и многу обичаи и свадбени описи, верувања, гатанки и ритуали. Содржи и прв скратен македонско-хрватски речник, како и посвета со благодарност до хрватскиот бискуп. Зборникот поседува и голем список на претплатници од Хрватска, Словенија, Будим, Виена, Србија, Бугарија, Париз, Прага, Хасково, Македонија и други места. 


    Омеѓување на македонската самобитност

    Идејата од која се воделе Миладиновци била да се забележи посебноста на луѓето што живееле на овие простори со автентично пренесување на искажувањата на нивните собеседници. Нивниот колосален придонес се огледува во омеѓувањето на македонската самобитност и јазичната дистинкција, како и во стилизацијата на македонскиот јазик.
    Интересно е што во зборникот се наведени и имињата на кажувачките на македонските народни песни од кои се чуени најмногу песни (Деча Кавајова од Струга и Ѓурѓа Котева од Прилеп), а искажана му е благодарност и на Рајко Жинзифов, кој им помогнал на браќата во запишувањето на народните песни од Македонија. Константин го споменува изоставањето на богослужбените слова и нотните записи на песните во изданието, кои ги изработил третиот брат, првиот македонски музиколог Наум Миладинов, кој успева да ја избегне трагичната судбина на своите двајца браќа.


     

     
       

    Автор: Разме Кумбароски

    Извор: “Нова Македонија“

    Views: 402 | Added by: Вељанко | Rating: 0.0/0
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024