Празнина КОЈА сјае: Македонија Wednesday, 2024-12-04, 9:49 PM
Welcome Guest | RSS
Main | | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Calendar
«  July 2014  »
SuMoTuWeThFrSa
  12345
6789101112
13141516171819
20212223242526
2728293031
Entries archive
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » 2014 » July » 2 » И поливалентните вакцини се опасни
    0:45 AM
    И поливалентните вакцини се опасни

    И поливалентните вакцини се опасни

    Ви се обраќаме со надеж дека ќе ја разберете нашата загриженост во врска со Вашите планови да воведете поливалентни вакцини во тек на идната година во нашата држава. Нашата загриженост се должи на нашата информираност за искуствата на оние држави кои далеку пред нас ги воведоа истите поливалентни вакцини.

    Резултатите од таквиот нивен потег е зголемување на смртноста на новороденчињата кои беа вакцинирани со овие вакцини. Статистичка студија која е публикувана во САД во 2013 година и која се темели на пријавените случаи на несакани реакции од вакцини во системот  VAERS во тек на 20 години (Relative trends in hospitalizations and mortality among infants by the number of vaccine doses and age, based on the Vaccine Adverse Event Reporting System (VAERS), 1990–2010)открива една поразителна вистина, а тоа е дека процентот на смртност на новороденчиња расте соодветно на бројот на дози, односно примени вакцини одеднаш.(http://het.sagepub.com/content/31/10/1012.long

    http://www.whale.to/v/mortality.html)

    Уште попоразителен е фактот дека службени лица од ФДА изнесуваат податок дека само 1% од сите појавени реакции на вакцини се пријавуваат во системот VAERS. Тоа значи дека сите овие бројки на умрени и хоспитализирани деца можат да се помножат со 50 или 100 за да ја добиеме вистинската слика за штетноста на вакцините воопшто, со акцент на поливалентните.

    И  други студии доаѓаат до исти или слични заклучоци, дека поливалентните вакцини иако најавувани и промовирани како побезбедни, се покажаа како далеку поштетни и со потешки последици по здравјето и животот на децата. 

    Ние во нашата држава имаме регистрирано неколку поливалентни вакцини од еминентни светски производители и во нивните Збирните извештаи сретнавме наведени несакани реакции како: бронхијален невритис, апнеа, Guillain-Barréсимдром, конвулзии, лимфаденопатии, парализа, нефропатија, енцефалопатија, енцефалитис и менингитис. 5,6

    Исто така во составот на вакцините има наведено меѓу другото и Медиум 199 (витамини, аминокиселини, телешки серум, човечки крвни протелини-рекомбинантен човечки албумин), VERO клетки (клетки од бубрег на нормален возрасен зелен мајмун), polyribosylribitol phosphate (кај женски заморчиња предизвикува стерилитет, кај машки атрофија на тестиси), трометамол (аналгетик контраиндициран кај деца, со несакани ефекти како депресија, халуцинации, крварења, проблеми со дишење, крв во урина), формалдехид(оштетување на нервите, црниотдроб и бубрезите).

    Време е да се напушти слепата доверба кон медицинските авторитети и нивните приказни за користа од вакцините наспроти штетите кои беа заташкувани и непризнаени. Сите ние познаваме барем по неколку деца кои останале делумно или трајно оштетени од вакцините. А ако зборуваме заМедицина базирана на докази тогаш треба да бидете свесни дека 85% од сите студии за вакцини се финансирани од фармацевтската индустрија и дека само половина од нив се публикуваат во рецензирани стручни часописи. 

    Јавноста и здравствените работници ја немаат вистинската слика за користа и ризикот при вакцинацијата, и можат само да  претпостават што е причината за растечката епидемија на хронични болести кај нашите деца, како што е астма, дијабет тип 1, аутизам, алергии, автоимуни болести.

    Постои изрека дека патот до пеколот е поплочен со добри намери. Но од намерите, многу побитни се делата и резултатите и Вие тоа добро го знаете. Апелираме до Вас, слушнете ја и другата страна, пред  да донесете конечна одлука, побарајте независни стручни лица и секако дозволете наша средба со Вас, ние родителите коишто имавме здрави деца се до нивното вакцинирање - дозволете ни да ви ги предочиме нашите факти и аргументи.

    Одговорноста на крајот од оваа приказна ќе падне на Вас и на Вашите соработници. Апелираме да се следи гласот на разумот кој вели да учиме од туѓите грешки и да не одиме по патот кој се покажал како опасен за иднината на нашите поколенија.

     

    Со почит,

    Родители кои се залагаат за правото на избор на вакцинација 

    Извор: “МКД“

    Views: 290 | Added by: Вељанко | Rating: 0.0/0
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024