Полицијата се судри со демонстрантите за случајот „Монструм“
Полицијата против насобраните демонстранти во врска со судските пресуди за случајот „Монструм“ употреби шок-бомби, за да ги одврати од кај Основниот суд - Скопје кон Јајапашината џамија.
Демонстрантите фрлиле солзавец кон полицијата и новинарските екипи. Според првичните информации, најмалку двајца се приведени од полицијата.
Околу илјада насобрани лица по попладневната молитва тргнаа од кај комплексот Чаирчанка, организирани преку социјалните мрежи, на протести против максималните доживотни затворски казни за шестмината обвинети во случајот за петкратното убиство на Смилковското езеро.
Насобраните кај ТЦ Мавровка со камења се нафрлија кон полицијата. Главно млади луѓе скандираа пароли во кои може да се слушнат зборовите „Полиција“, „УЧК“, „Терористи“, „Алах Акбар“ и носат албански знамиња и знамиња со исламски обележја.
Сообраќајот во тој дел од градот е во застој и силни полициски сили ја обезбедуваат околината.
На теренот полицијата располага со воден топ и службени кучиња, како и возила на Брза помош.
http://www.dailymotion.com/video/x20tgur_protesti-za-sudenje-monstrum_news
Извор: “24ВЕСТИ“
|