Четворица припадници на граничната полиција загинаа во хеликоптерската несреќа
Полицискиот хеликоптер од Ново Село до Струмица превезувал припадници на граничната полиција и според очевидците пред да удри во антената и да се урне очигледно е дека имал некаков технички проблем.
Неколкумина очевидци го изјавуваат истото – хеликоптерот без осветлување почнал неконтролирано да лета неколку минути пред да удри во антената, по што настанала голема експлозија. Четворица припадници на граничната полиција загинаа.
Извор: “МКД“
|