Почнаа протестите во Скопје под силно полициско обезбедување
Почнаа протестите во Скопје по пресудите за петкратното убиство кај Смиљковско езеро. Бројни полициски единици се распоредени во центарот на градот. Преку социјалните мрежи за денеска е закажан наводно голем протест
Пред денешниот протест, политичарите во земјава, како амбасадите на САД и ЕУ испратија апел дека доколку има протест тој да биде мирен, без насилство.
Во апелот за мирни протести се приклучија и МПЦ и ИВЗ. Од друга страна пак, исто така на социјалните мрежи се најавува и контрапротест закажан во исто време, но пред пред зградата на Владата.
Извор: “24ВЕСТИ“
|