За првпат во историјата на Галичката свадба се венчаа две двојки (ФОТОГАЛЕРИЈА)
http://www.mkd.mk/makedonija/za-prvpat-vo-istorijata-na-galichkata-svadba-se-venchaa-dve-dvojki-fotogalerija#1
Галичката свадба, и покрај познатото сценарио, годинава се одвиваше малку поинаку. Иван Сариевски и Ана Гареска, како и Стефан Куковски и Маргарита Ивановска го кажаа судбоносното „да", односно за првпат во историјата на Галиката свадба истовремено се венчаа две двојки.
„Питава е сукана од девојче од татка и од мајка. Од девојче од фамилија. Нека каснат момичињата, да ги фати мајата“, говори свекрвата додека ја крши питата на богата свадбарска софра. Галичката свадба, и покрај познатото сценарио, годинава се одвиваше малку поинаку. Иван Сариевски и Ана Гареска, како и Стефан Куковски и Маргарита Ивановска го кажаа судбоносното „да“, односно за првпат во историјата на Галиката свадба истовремено се венчаа две двојки. Иван Сариевски е внук на познатиот пејач на изворна македонска песна, Александар Сариевски, а Гереска и Стефан Куковски, исто така имаат галичко потекло, освен Маргарита, која потекнува од Битола.
Сместени во различни куќи во селото, двете невести ја чекаат поворката со сватови нагости, и додека треливо се во очекување, скришно од прозорецот пробуваат да го видат младоженецот низ прстен.
Бајракот се вее, зурлите пиштат, тапаните грмат низ цело село, а две поворки од куќата на младоженците, кои се сместени на исто место, тргнуваат накај невестите.
Поклонување и бацирака, невестите оддаваат почит на родителите на младоженецот. Потем, на еден коњ го товарат чеизот, а на другиот невестата, чие лице е покриено со превез.
Кроце и на прсти, како секој потег да се прави лесно и без мака, така на сретсело се вијат „Невестинското“ и „Тешкото“, глетка и чувство што не оставаат никого рамнодушен. Посебно воодушевени се странските туристи, кои за правпат имаат можност да бидат дел од една традиционална вековна традиција.
Зурлите и тапаните одекнуваат низ цела Бистра, галичките адети секоја година маѓепсуваат.
Фото: Роберт Атанасовски
Извор: “МКД“
|