Празнина КОЈА сјае: Македонија Wednesday, 2024-12-04, 10:13 PM
Welcome Guest | RSS
Main | | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Calendar
«  July 2014  »
SuMoTuWeThFrSa
  12345
6789101112
13141516171819
20212223242526
2728293031
Entries archive
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » 2014 » July » 16 » ИСТОРИСКИ ДОГОВОР ЗА НОВА РАЗВОЈНА БАНКА БРИКС-земјите основаа нов економски блок, за да ја задушат западната доминација
    1:59 AM
    ИСТОРИСКИ ДОГОВОР ЗА НОВА РАЗВОЈНА БАНКА БРИКС-земјите основаа нов економски блок, за да ја задушат западната доминација
    ИСТОРИСКИ ДОГОВОР ЗА НОВА РАЗВОЈНА БАНКА
     

    БРИКС-земјите основаа нов економски блок, за да ја задушат западната доминација

    Групата економии во развој го потпишаа долгоочекуваниот документ за создавање на Развојната банка БРИКС вредна 100 милијарди долари и резервен валутен фонд во вредност од уште 100 милијарди долари. Двете институции ќе му се спротивстават на влијанието на западните кредитни институции и на доларот.

    Новата банка ќе обезбедува пари за инфраструктурните и развојни проекти во БРИКС-земјите, и за разлика од ММФ или Светската банка, секоја нација ќе има еднаков глас, без оглед на големината на БДП.

    Министрите за финансии на земјите денеска потпишале меморандум за разбирање во Форталеза, Бразил, на првиот ден на шестиот самит на БРИКС. Биле потпишани и документи за соработка меѓу извозните кредитни агенции на БРИКС и договор за соработка во иновациите.

    Од секој член на БРИКС се очекува да вложи еднаков удел во почетниот капитал на банката од 50 милијарди долари, со цел да се достигнат 100 милијарди долари. БРИКС-банката ќе биде со седиште во Шангај, во првата година ќе претседава Индија, а Русија ќе биде претседавач на претставниците. Секоја земја ќе ги испрати или својот министер за финансии или шефот на централната банка во претставничкиот одбор на БРИКС-банката.

    На потпишувањето присуствувале лидерите на петте земји - Владимир Путин од Русија, Дилма Русеф од Бразил, Сји Џинпинг од Кина, Наренда Моди од Индија и Џејкоб Зума од Јужна Африка.

    Бил основан и Кризен кредитен фонд од 100 милијарди долари, наречен Резервен аранжман за итни случаи (ЦРА). Кина ќе придонесе со најголем дел, околу 41 милијарда долари, Русија, Бразил и Индија ќе дадат 18 милијарди, а Јужна Африка, најновиот член на овој економски блок, ќе придонесе со 5 милијарди.

    „Овој механизам ја создава основата за ефикасна заштита на нашите национални економии од кризата на финансиските пазари“, рекол рускиот претседател Владимир Путин, пренесе Раша тудеј.

    Основањето на БРИКС-банката се гледа како прв чекор во уривањето на доминацијата на американскиот долар во глобалната трговија, како институциите што работат со долари, како што се Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) и Светската банка, две институции со седиште во САД во кои БРИКС-земјите имаат мало влијание.

    Членството може да не биде ограничено само на БРИКС-земјите. Идни членки би можеле да бидат други земји со развојни пазари, како Мексико, Индонезија, или Аргентина, откако таа ќе ги среди своите долгови.

    БРИКС претставува 42 проценти од светската популација и околу 20 проценти од светската економија базирана на БДП, како и 30 отсто од светскиот БДП врз основа на јавноприватно партнерство, што е попрецизен показател на реалната економија. Вкупната трговска размена меѓу земјите е 6,14 трилиони долари, или речиси 17 проценти од вкупната светска бројка.

    Русија предложила земјите да се здружат во енергетска алијанса, која ќе содржи банка за резерви гориво, како и институт за енергетска политика.

    „Ние предлагаме основање на Енергетска асоцијација на БРИКС. Под овој ‘чадор’ може да бидат воспоставени банка за резерви гориво и БРИКС-институт за енергетска политика“, изјавил Путин.

    Извор: “МКД“

    Views: 253 | Added by: Вељанко | Rating: 0.0/0
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024