Денешните протести за „Монструм“ завршија мирно, барањата и паролите исти како и претходно (ФОТО)
Исто сценарио, исти барања како и минатиот пат. Денешните протести по повод пресудата доживотен затвор за обвинетите за свирепото петкратно убиство кај Смилковско Езеро завршија мирно.
http://www.mkd.mk/makedonija/politika/deneshnite-protesti-za-monstrum-zavrshija-mirno-baranjata-i-parolite-isti-kako-i#1
Овојпат беше очигледно дека протестите се организирани, дека имаат лидери, а како и минатиот пат на чело на колоната беше струшкиот градоначалник Зијадин Села.
На протестите што се одржаа денеска присуствуваа многу помалку луѓе од претходните пати, а паролите и барањата беа исти - ослободување на шестемина осудени во судскиот процес „Монструм“ и оставка на министерката Гордана Јанкуловска.
Единственото ново барање овојпат беше на затворениците да им се овозможи посета од страна на претставници на Хелсиншкиот комитет и ОБСЕ.
Протестот заврши без никакви инциденти.
Извор: “МКД“
|