Одбележана годишнината од смртта на Методија Андонов - Ченто
Со полагање на цвеќиња на споменикот на Методија Андонов Ченто во центарот на Прилеп денеска се одбележаа 57 години од смртта на големиот македонскиот деец, борец и визионер
При тоа беше потенцирано дека Методија Андонов - Ченто, првиот претседател на Президумот на АСНОМ треба да се почитува, особено од младите генерации, зашто ја сакаше Македонија и настрада заради неа.
Ќерката Марија Јакимоска, потенцирајќи дека се уште не можат да ги преболат и по толку години неправдите што му биле нанесени на Ченто, побара, кога се слават 70 години од АСНОМ да се расветлат сите ликови на неправедно осудените лица кои ги удрија темелите на македонската држава.
Автор:Ка.М.
Извор: “Нова Македонија“
|