Почина Јанко Узунов
Денеска во 63 година од животот ненадејно почина музичарот Јанко Узунов додека бил во Берово на семеен одмор.
Роден е во 1951 година во Валандово, а музичката кариера ја почнал во почетокот на седумдесеттите години од минатиот век со првата снимка, „Магдалена“, песна на Димитар Масевски. Беше познат како „момчето со мандолината“, според хитот што во 1976 година го испеа со Цветанка Ласкова на фестивалот во Опатија.
Последните години Узунов беше посветен на работата на своето приватно училиште по гитара „Узун“. Јанко Узунов во 2010-та година прослави 45 години од својата успешна кариера.
Извор: “МКД“
|