Празнина КОЈА сјае: Македонија Tuesday, 2024-12-24, 9:36 PM
Welcome Guest | RSS
Main | | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Calendar
«  September 2014  »
SuMoTuWeThFrSa
 123456
78910111213
14151617181920
21222324252627
282930
Entries archive
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » 2014 » September » 3 » НА РУСКИОТ ПАЗАР МУ ТРЕБА СВЕЖО ОВОШЈЕ И ЗЕЛЕНЧУК
    6:52 AM
    НА РУСКИОТ ПАЗАР МУ ТРЕБА СВЕЖО ОВОШЈЕ И ЗЕЛЕНЧУК

    НА РУСКИОТ ПАЗАР МУ ТРЕБА СВЕЖО ОВОШЈЕ И ЗЕЛЕНЧУК

    Македонија сега има шанси за извоз на овошје, зеленчук, вино, лекови и кондиторски производи

    Македонскиот земјоделско-прехранбен сектор сега треба да ги искористи можностите за поголем пласман на пазарот во Русија. Особено по санкциите што на почетокот на август годинава ги воведе оваа држава кон земјите од Европската унија, САД, Канада, Норвешка и Австралија. На ова се апелираше денеска во Стопанската комора на Македонија, СКМ, на заедничката прес-конференција на македонско-руската стопанска комора. Според Васко Ристовски од СКМ, за домашните производители е отворена голема шанса за пласман во Русија. 

    „Станува збор за голем пазар, кој може да апсорбира многу повеќе производи и кој може да плати, а овој сектор од Македонија може да даде повеќе во однос на тоа што веќе го извезуваме“, рече Ристовски. 

    Дејан Бешелиев, извршен директор на Македонско-руската стопанска комора, укажа дека Македонија на рускиот пазар може да понуди овошје, зеленчук и преработки од нив, како и вино и лекови. Во таа група се и кондиторските производи за кои во овој момент се отвора голема можност, бидејќи значителни количини од овие производи во Руската федерација беа увезувани од земјите кои сега се под санкции. 

    За свежото овошје и зеленчук веќе има договори кои тековно се реализираат. „Санкциите на Русија се во сила околу еден месец, а зголемен е интересот од руските компании за увоз на разни стоки. Во моментов најважни параметри за нас се што има големи побарување на свежо овошје и на зеленчук, а пред се', сега е актуелно грозјето и праската, што се извезуваат многу повеќе од вообичаено“, појасни Бешлиев. 

    Според него, Македонија веќе има преференцијален статус за извоз на одредени производи, кој е 25 проценти од декларираната царина во Руската федерација. До оваа земја е доставена нова листа на производи за кои би требало да има намалување на царината. „Од македонска страна бараме да бидат намалени царините и се надеваме дека во преговорите што се водат меѓу владините комисии ќе успееме во тоа. Производите се дефинирани уште пред 15-ина години, а листата со преференции за нас е нефункционална. Поради тоа лани се изготви нова листа, која е доставена до Руската Федерација, и во неа влегуваат комплетно сите производи од прехранбениот сектор и дел од фармацевтскиот и индустрискиот“, посочи Бешлиев. 

    Инаку, трговската размена меѓу Македонија и Русија минатата година достигна 195 милиони долари, при што извозот од Македонија бил 31,5 милиони долари, а увозот од Русија - 136,6 милиони долари. Извезени се земјоделско прехранбени стоки од 9,6 милиони долари, а половината од нив отпаѓа на овошјето, по кое следат, грозјето со 1,8 милиони долари, виното со 1,4 милиони и зеленчукот со 1,2 милиони долари. Генерално, во вкупниот извоз доминираат лековите со 10,5 милиони долари, како и производите од машинската индустрија со 7,3 милиони долари. 

    Во вкупниот извоз, земјоделско-прехранбените производи зафаќаат околу 1,5 проценти. Во делот на увозот, пак, најголем дел отпаѓа на енергенсите - 116 милиони долари, металургијата - 7,1 милион долари и на минералните суровини. 

    Во првите шест месеци од годинава размената меѓу Македонија и Русија изнесува 74,7 милиони долари, со 17,7 милиони долари извоз и 57 милиони долари увоз. Во споредба со истиот период лани, има пад на целата размена од 46,7 проценти, главно на енергенсите. Во шесте месеци од годинава, извозот на земјоделско- прехранбените производи е поголем за два милиона долари, односно за 17,3 проценти, а увозот од Русија е намален за 67 проценти. (М.Т.)

    Извор: “Утрински Весник“

    Views: 257 | Added by: Вељанко | Rating: 0.0/0
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024