Москва ќе го објави целосниот разговор на Путин со Баросо за да докаже дека Баросо ги извртел зборовите
Забелешката на Владимир Путин за „освојувањето на Киев за две недели“ е извадена од контекст и нејзиното значење е извртено, вели Москва и додава дека е спремна да го објави разговорот на претседателот со шефот на Европската комисија.
Ние сме спремни да ја објавиме целата снимка од контроверзниот разговор помеѓу претседателот Владимир Путин и претседателот на Европската комисија, Жозе Мануел Баросо, соопшти Кремљ.
Италијанскиот весник Ла Република во понеделникот објави дека Баросо открил дел од својот разговор со рускиот претседател, кој наводно рекол „Можам да го освојам Киев за две недели ако сакам“ откако било покренато прашањето за наводното присуство на руски војници во Украина.
Баросо коментирал дека ова е „закана“ од страна на шефот на руската држава, која може да биде исполнета во случај на понатамошни европски санкции кон Русија.
Помошникот на Путин Јуриј Ушаков го критикуваше Баросо зошто објавува делати од разговор на високо ниво, велејќи дека однесувањето на претседателот на Европската комисија е „некоректно ги надминува рамките на дипломатските практики“.
„Ако навистина било така, ова не е достојно за една сериозна политичка фигура“, рече Ушаков.
Извор: “МКД“
|