Празнина КОЈА сјае: Македонија Tuesday, 2024-12-24, 8:36 PM
Welcome Guest | RSS
Main | | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Calendar
«  September 2014  »
SuMoTuWeThFrSa
 123456
78910111213
14151617181920
21222324252627
282930
Entries archive
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » 2014 » September » 4 » „КРИМСКОТО БОГАТСТВО МОРА ДА СЕ ВРАТИ ДОМА“
    3:08 AM
    „КРИМСКОТО БОГАТСТВО МОРА ДА СЕ ВРАТИ ДОМА“

    „КРИМСКОТО БОГАТСТВО МОРА ДА СЕ ВРАТИ ДОМА“

    Музејот „Алард Пирсон“ од Амстердам мора да одлучи на кого ќе му ги врати експонатите од Крим: на Киев или на Москва? Кураторката на изложбата „Крим: златото и тајните на Црното Море“, Валентина Мордвинтсева, бара овие дела да се вратат во кримските музеи

    Последниот ден од август беше затворена изложбата „Крим: златото и тајните на Црното Море“ во музејот „Алард Пирсон“ во Амстердам. Во меѓувреме, изложените експонати станаа спорни во руско-украинскиот судир. Од 432 експонати, меѓу кои има античко оружје и накит, вредни кинески кутии и пронајдени предмети во разни ископувања, само дел потекнуваат од Киев. Поголемиот дел пристигнал од музејот на полуостровот Крим. Кога изложбата била отворена во Амстердам, во февруари 2014 година, Крим и' припаѓаше на Украина. Во меѓувреме го анектираше Русија. Кому ќе му бидат вратени позајмените експонати?

    И Киев и рускиот министер за култура бараат експонатите да бидат вратени, а поради тоа Холанѓаните одлучиле да ги задржат експонатите додека прашањето на сопственоста не се реши. За кримската кураторка Валентина Мордвинтсева ситуацијата е многу непријатна, бидејќи таа лично се заложила „за позајмување на експонатите“.

    Што Ви значат овие експонати? 

    Од најдоброто го одбравме најдоброто. Сакавме на западната публика по прв пат да и ја претставиме вековната кримска култура. Меѓу експонатите се и симболите на Крим: скулптури на божества или скапоцени кинески лакирани кутии од првиот век. Одделни објекти на Крим се ископани уште во 19 век и покрај сите перипетии останале на Крим. Многу од експонатите потекнуваат од новите археолошки истражувања и се' уште потполно не се истражени. Навистина не знам како ќе им погледнам во очи на своите колеги што ги пронашле.

    Што велат правниците?

    Од 432 изложени предмети само 19 потекнуваат од Музејот на националната историја во Киев. Останатите 413 предмети доаѓаат од четири важни кримски музеи. Сега адвокатите мораат да бараат да се вратат овие објекти. Тоа е страшно. Нашите правни претставници тргнуваат од тоа дека договорот за изложување е склопен меѓу музеите кои ги позајмиле предметите и музеите што ги изложиле.

    Кој суд е надлежен?

    Во договорот стои дека е тоа судот во Киев. Но во сегашната ситуација би било необично да му се препушти одлуката на судот во Киев. Секој знае колку се корумпирани судовите во Украина. Ние зборуваме за судбината на културното богатство кое не смее да биде предмет на политички судири. Јас како научник можам да кажам дека Украина нема право да ги преземе уметничките предмети како заложници. Тие таму би послужиле како воени трофеи – освоени во војната против Русија. Велат дека Крим и' припаѓа на Украина. Благодарам, немам ништо против тоа сфаќање, но музејските предмети му припаѓаат на народот. Немаме ли ние на Крим право на наша култура и историја?

    Како всушност е создадена идејата за изложба на Запад?

    Се започна со кинеските лакирани кутии. Тие се откриени во гробовите кај Уст-Ал- ма и беа сензација. Тоа била најзападната локација на која се пронајдени лакирани уметнички предмети. Ги пронајде мојот поранешен сопруг, археологот Јуриј Зајцев, а потоа тие потполно уништени дрвени остатоци беа привремено сместени во мојот фрижидер. Кога тие антички уметнички дела ги реставрираа јапонски стручни лица, сакавме да и' ги покажеме на светската јавност. Во тоа ми помогнаа колегите од Бон. „Allard Pierson Mуseum“ беше вклучен во тоа само за да овозможиме финансирање на проектот. Денес жалам поради таа одлука, бидејќи да не беше изложбата во Амстердам, уметничките дела ќе беа дома, на Крим.

    Музеите на Крим некогаш беа советски, потоа украински и сега, од пред неколку месеци - руски. Што се промени за Вас во сето тоа?

    Колку што до сега можев да видам, ништо. Се функционира исто како и во Советскиот Сојуз. Исти структури, исти задачи.

    Сигурно не е едноставно занимавањето со археолошки проекти во воени времиња? 

    Да, би можело така да се каже. Но во споредба со она што го преживуваат луѓето на истокот од Украина, нашите тешкотии се незначителни. Овде има многу бегалци од источна Украина и тоа е страшно. Но фала Богу овде кај нас нема војна.

    *Валентина Мордвинтсева е родена во Москва. Повеќе од 20 години живее и работи во Симферопол на Крим. До мај 2014 година беше шефица на Археолошкиот институт на Украинската академија на науки. Денес тој институт е присоединет на руската. (Дојче веле)

    Извор: “Утрински Весник“

    Views: 257 | Added by: Вељанко | Rating: 0.0/0
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024