Празнина КОЈА сјае: Македонија Sunday, 2025-01-12, 2:12 AM
Welcome Guest | RSS
Main | | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Calendar
«  September 2014  »
SuMoTuWeThFrSa
 123456
78910111213
14151617181920
21222324252627
282930
Entries archive
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » 2014 » September » 4 » Почнаа активности за заштита на ранохристијанската базилика во струшко Радолишта
    3:11 AM
    Почнаа активности за заштита на ранохристијанската базилика во струшко Радолишта

    Почнаа активности за заштита на ранохристијанската базилика во струшко Радолишта

    Стручните екипи на НУ Музеј „Д-р Никола Незлобински“ во Струга ги почнаа активностите за увид на состојбата на базиликата во струшкото село Радолишта, една од четирите базилики од ранохристијанскиот период во Струшко, по што следната година ќе почнат со конзервација и реставрација на овој исклучително значаен споменик од крајот на 5-тиот и почетокот на 6 век.

     

    Активностите се предвидени во програмата за заштита на културното наследство на Министерството за култура.

    Базиликата се наоѓа источно од село Радолишта, на 500 метри од магистралниот пат за Ќафасан, во непосредна близина на Охридското Езеро, на локалитетот „Цигански гробишта“.

    Во науката таа е позната и по мозаиците кои имаат исклучителна вредност т.е. иконографијата на претставените мотиви и композиции се вбројува меѓу најзначајните и најрепрезентативните во Македонија, па и пошироко, од периодот на 5-6 век. Овие мозаици се дел во сите позначајни светски публикации кои го промовираат и го проучуваат периодот на раното христијанство.

     

    - Во ископувањата во 1951 година бил откриен дел од трикорабната базилика и 15 гробови врз остатоци на базиликата. При наредниот зафат, од 1976 до 1980 година, базиликата била целосно откриена, со три кораби, нартекс, анекси, крстилница и уште 121 гроб, кои по стратиграфијата и прилозите се датирани од 7 до 14 век. Реконструиран е и дел од архитектурата, стопите и крстилницата, како и одделни партии од подот. Поминат е подолг временски период од кога се направени овие првични зафати, така што овој споменик на културата е оставен на забот на времето и е во многу лоша состојба, информира Министерството за култура.

    Извор: “Денешен Весник“

    Views: 271 | Added by: Вељанко | Rating: 0.0/0
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2025