Празнина КОЈА сјае: Македонија Tuesday, 2024-12-24, 9:18 PM
Welcome Guest | RSS
Main | | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Calendar
«  September 2014  »
SuMoTuWeThFrSa
 123456
78910111213
14151617181920
21222324252627
282930
Entries archive
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » 2014 » September » 4 » Путин претставил план во 7 точки за сопирање на насилствата во Украина
    3:14 AM
    Путин претставил план во 7 точки за сопирање на насилствата во Украина

    Путин претставил план во 7 точки за сопирање на насилствата во Украина

    Киев мора да ги повлече своите војници од југоисточните региони на Украина а бунтовниците мора да ја сопрат офанзивата за да се стави крај на крвопролевањето, изјавил рускиот претседател Владимир Путин. Тој претставил план составен од седум точки за стабилизирање на ситуацијата, пренесува Раша тудеј.

    „На своето патување од Благовесченск до Улан Батор, запишав неколку идеи и планови за акции. Ги имам тука, но напишани на ливче“, им кажал Путин на новинарите.

    1. Бунтовниците треба да го сопрат военото напредување во регионите Луганск и Доњецк.

    2. Киевските оружени сили треба да се повлечат на одалеченост од која не можат да гранатираат цивилни населби.

    3. Имплементирање полна и објективна меѓународна контрола врз набљудувањето и контролата врз примирјето.

    4. Исклучување употреба на воени авиони против цивилите.

    5. Размена на затвореници/заробеници врз основа на формулата „сѐ за сѐ“ и без условувања.

    6. Хуманитарни коридори за бегалците и доставување хуманитарна помош во регионите Луганск и Доњецк.

    &. Директен пристап на екипи за поправка на уништената општествена и транзитна инфраструктура.

    Путин изразил надеж дека може да биде постигнат конечен договор меѓу Киев и бунтовниците во југоисточна Украина во рамки на средбата на контакт-групата закажана за 5 септември.

     

    „Се надевам дека украинските лидери ќе го поддржат очекуваниот напредок во билатералните односи“, изјавил рускиот претседател.

    Тој побарал од Украина активно да се вклучи во работата на контакт-групата „со цел постигнување на сеопфатен договор за ситуацијата во југоисточна Украина, нормално, со целосно и безусловно гарантирање на легитимните права на луѓето кои живеат таму“.

    Извор: “МКД“

    Views: 281 | Added by: Вељанко | Rating: 0.0/0
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024