Празнина КОЈА сјае: Македонија Tuesday, 2024-12-24, 8:43 PM
Welcome Guest | RSS
Main | | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Calendar
«  September 2014  »
SuMoTuWeThFrSa
 123456
78910111213
14151617181920
21222324252627
282930
Entries archive
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » 2014 » September » 27 » Предизвик ми е да направам нешто поврзано со македонската историја
    3:29 AM
    Предизвик ми е да направам нешто поврзано со македонската историја

    Предизвик ми е да направам нешто поврзано со македонската историја

    Светски познатиот охридски бисер се изработува од крлушките на плашицата. Семејниот тим рамноправно работи, а женската креација прави чуда со бисерниот накит што ги краси грлата на многу дами

     

    Михајло Филев, изработувач на охридски бисер


    Се сеќавам дека уште како многу мал моите први игри беа со бисерните перли во нашата работилница. Гледајќи ги моите баба, татко и мајка како темелено и посветено го работат овој занает, полека почнав да сфаќам дека тука се крие нешто и дека треба да станам дел од семејниот тим што го произведува нашиот најголем амбасадор во светот - охридскиот бисер. Од мали нозе секогаш во летниот период се движев во дуќанот, каде што моите предци ги продаваа производите и каде што доаѓаа многу туристи од различни земји, познати еминентни луѓе од сите сфери и професии. Гледајќи и слушајќи сѐ што се прави и зборува, почнав да ги изучувам сите вештини. Вака раскажува Михајло Филев, кој денес ја продолжува оваа традиција долга стотина години. 
    - Воспитувањето од моите родители, желбата кон оваа уметност, одговорноста кон оваа семејна тајна, како и патриотското чувство дека повеќе од 100 години сме го зачувале овој занает ме натераа да се занимам со оваа уметност. Охридскиот бисер успеа да преживее во сите бурни историски општествени системи и сепак остана македонски заштитен бренд. Тоа кај мене создаде една голема љубов и поттик да го понесам овој товар и да се стремам на достоен начин да продолжам да ја негувам оваа тајна со која се изработува охридскиот бисер, максимално да го презентирам во Македонија и насекаде низ светот како составен елемент од мозаикот на богатата македонска култура и да им ја пренесам оваа тајна на идните генерации - вели Филев. 

    УСПЕШНИ ЕКСПЕРИМЕНТИ

    Историјата за охридскиот бисер се случува ненадејно, кога во 1918 година во Охрид се појавува еден човек по име Јован Субановиќ од Русија, кој избегал од револуцијата како иселеник. 
    - Во тој период мојот прадедо Никола Филев бил сопственик на кафеана, каде што и се запознал со него. Мојот дедо Михајло Филев, по кого сум крстен, се спријателил со Јован и така, дружејќи се, го засакал како свој син. Јован доаѓа од Русија, од околината на Бајкалско Езеро, кое по настанокот, флората и фауната е слично со Охридско Езеро и со езерото Танганика. Јован ја знаел тајната за добивање емулзија од крлушките и кожниот епител на ендемскиот вид риба плашица. Па, така, во знак на пријателството и на срдечниот прием им ја оставил како благослов тајната за производство на охридски бисер на мојот прадедо и дедо, како и на семејството Талеви - вели Филев. 

    Оттогаш за семејствата Филеви и Талеви и за македонската култура почнува нова ера. Традицијата и тајната се пренесуваат од колено на колено, од татко на син. Семејниот тим рамноправно работи, а женската креација прави чуда со бисерниот накит, кој ги краси грлата на многу дами.
    - Охридскиот бисер спаѓа во групата природни бисери и е на второ место во светот. Секоја генерација се бори за накит со поголем квалитет низ низа поврзани природни процеси. Правиме успешни експерименти во однос на квалитетот и трајноста на производот. Покрај белата боја, пред 20 години усовршивме и патентиравме уште две други природни бои, сива и розова (фиш сивер и фиш розе). Тоа е процес кога крлушките се разлеваат на повеќе бои и со алотропска модификација ги влечеме како емулзија сива и розова. Тој процес е многу краток и во годината можат да се добијат по 20 ѓердани, потоа се добива стандардната бела боја - објаснува Филев. 

    НЕЛОЈАЛНА КОНКУРЕНЦИЈА

    Според него, бисерот од школка трае 150 години, додека охридскиот бисер вечно, бидејќи што и да му се случи, може да се врати во првобитната состојба, затоа што му се нанесува емулзијата и го обновува. Треба да се чува од парфеми и органски разградувачи, бидејќи е органска материја.
    - Бисерите се изработуваат многу трпеливо, со премачкување на перлите. Сѐ се прави рачно, со четка од влакно од верверица. Природно внатрешноста на зрното е срцевина од школка, на пример зрно со размер ф-6 милиметри се премачкува шест пати. Мојот следен проект ќе биде нешто монументално. Предизвик ми е да направам нешто што ќе биде поврзано со македонската историја, синхронизирано од сите периоди на македонската историја до денес, и ќе го однесам во музеј да остане за македонскиот народ и култура. Веќе имам концепт, останува само да го реализирам - додава Филев. 

    Охридскиот бисер на Филеви и Талеви е заштитен како географски назив по елаборат од Технолошко-металуршкиот факултет во Скопје и сертифициран од Државниот завод за индустриска сопственост, а сето тоа е заштитено и на меѓународно ниво, така што за нивните производи гарантираме со легитимен сертификат. 
    - Како во сѐ, така и кај занаетите има подеми и падови, економски кризи, нестабилност, војни и сите состојби што го следат човештвото. И за охридскиот бисер има проблеми, како и за сите брендови. Најголем проблем е пиратеријата или нелојалната конкуренција. Трговијата е дозволена и е стопанска гранка на која се базира економијата, но проблемот не е во тоа што трговците ги наполнија дуќаните низ цела чаршија со вештачки бисери од фабриките низ светот, туку што на нивните дуќани пишуваат „охридски бисер“, лажно го претставуваат производот и даваат лажни сертификати - раскажува
    Каролина носи бисерен накит изработен од семејството Филеви

     

     
       

    Автор: Сања Јачевска / sanja.j@novamakedonija.com.mk
     

    Извор: “Нова Македонија“

    Views: 380 | Added by: Вељанко | Rating: 0.0/0
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024