БОРЦИТЕ ГО СЛАВАТ ДЕНОТ НА НАРОДНИТЕ ХЕРОИ
Денска во 11 часот, во Дом на АРМ ќе се одржи Ден на народните херои, во организација на Сојузот на борците.
Како што изјави нивниот претседател Тодор Атанасовски, низ оваа приредба, преку изворната поезија и народниот мелос, борците сакаат да го изразат пиететот кон вкупниот народен хероизам во државотворната Народноослободителната и антифашистичка војна 1941-1945, со која е изборена првата слободна македонска држава, темел на денешна самостојна и суверена Република Македонија.
Во стоилјадната народноослободителна војска, поради својот хероизам, самопрегор и саможртва, 66 борци се прогласени за народни херои, од кои во текот на војната 41 се жртвуваа за слободата. Во НОБ Македонија има 24 илјади жртви. Од народните херои денес нема ниту еден жив.
Извор: “Дневник“
|