Меѓународен фестивал на етнолошки документарен филм
Во организација на Македонското етнолошко друштво вчера и денеска се одржа третиот Меѓународен фестивал на етнолошки документарен филм – „Кратово 2014”
На фестивалот, како што соопшти Македонското етнолошко друштво, биле прикажани 25 филмови, од кои шест домашни, а останатите од странство Хрватска, Словенија, Бугарија, Франција, Холандија, Италија...
Во рамките на фестивалот биле одржани и две предавања на еминентни професори од областа на визуелната антропологија, Стеф Мејкнехт од Холандија и Колет Пјо од Франција, кои ги запознале присутните посетители на фестивалот со продукцијата на етнолошките документарни филмови во нивните земји. МИА
Извор: “Нова Македонија“
|