Тони Чатлески изложува во Москва
“Во ритамот на самбата“ е насловот на изложбата на 17 дела од уметникот Тони Чатлески, која ќе биде отворена денеска во еден од ликовните салони на Московскиот дом на националностите
Изложбата е дел од московскиот фестивал на национална култура „Рос Балкан фест“, на кој ќе бидат претставени повеќе писатели, а ќе има групни изложби на уметници од Балканот.
Ова е прво самостојно претставување на уметникот во Русија, кој е член на Професионалниот сојуз на уметници на Русија, кој заедно со Руско-македонскиот културен центар во Москва е коорганизатор на фестивалот. |
|
|
|
Автор: Ка.М.
Извор: “Нова Македонија“
|
|
|