ОВАЦИИ ЗА МАКЕДОНСКАТА ФИЛХАРМОНИЈА ПРЕД ГОСТУВАЊЕТО ВО ЗАГРЕБ
Со аплаузи и овации е поздравен концерт на Македонската филхармонија и виолончелистот од Германија, солистот Даниел Милер-Шот со кој синоќа, во Македонскиот народен театар, стартуваше новата сезона на оваа музичка институција. Со својата врвна интерпретација Милер на Концертот за виолончело и оркестар од Едуард Лало, и пред македонската публика го потврди епитетот виртуоз на својот инструмент.
Оркестарот на Македонската филхармонија, предводен од маестро Борјан Цанев, фасцинираше и во изведбата на мошне комплексните - „Прелудиум" од Панде Шахов, „Дон Жуан" од Рихард Штраус и „Танц свита" од Бела Барток.
Концертот е своевидна увертира кон настапот на Македонската филхармонија во Загреб, настан што ќе се случи на 6. октомври во прочеуната концертна сала „Ватрослав Лисински".
Извор: “Дневник“
|