ВО БЕЛГРАД ЗАВРШИ ПАРАДАТА НА КОЈА ГОСТИН БЕШЕ ПУТИН
Во Белград заврши воената парада на која учествуваа 4500 војници, пилоти и специјални единици. Небото над Белград го прелетува и руските „стрижи“, кои требаше да ја затворат програмата.
На ова претходеше колона од тенкови кои додека ги поздравуваа високите гости, рускиот претседател Путин и српскиот државен врв,одекнуваше песната „По шумите и горите одат чети на партизани“..
Претходно продефилираа и гардистите, а гостите беа поздравени и од речната флота. Почна со падобранците по што следуваше пешадијата.
Парадата инаку почна со звуците на „Марш на Дрина“ и со химните на двете држави. Српскиот претседател Николиќ рече:„Претседателе Путин, орденот кој го добивте е излеан од крвта и солзите на нашиот измачен народ“.
Рускиот претседател Путин пак изјави :„Овде на парадата не обединуваат длабоки сеќавање.Во мај наредната година заедно да прославиме 70 години од победата. Да живее братска Србија“.
Извор: “Дневник“
|