Украинската војска со касетни бомби ги гаѓа цивилите (ВИДЕО)
Организацијата Хјуман рајтс воч соопштила дека украинската војска користела касетни бомби против цивилното население, што е спротивно на правилата на војувањето, пренесува Раша тудеј.
Да потсетиме, станува збор за истото оружје кое НАТО го користеше во 1999 година за време на бомбардирањето на СР Југославија.
Хјуман рајтс воч истакнува дека за време на истрагата забележале голем број случаи на користење касетни бомби во населени подрачја, за време на борбите на украинската војска со проруските сили на истокот на Украина.
Оваа организација на својата интернет страница објавила дека, иако е тешко да се утврди за колку напади се одговорни силите на Киев, доказите укажуваат дека украинската влада е виновна за користење на забранетата муниција во нападите врз Доњецк, жариштето на конфликтот.
Хјуман рајтс воч тврди дека на 2 октомври настраданиот работник на Црвениот крст бил убиен токму со касетни бомби кои тогаш биле фрлени на Доњецк.
„Шокиран сум кога ќе видам дека оружјето, кое е забрането од страна на повеќето земји, се користи во толкава мера на истокот на Украина“, изјавил експертот за оружје на ХРВ Марк Хизни.
Организацијата тврди дека најмалку два сведоци потврдиле дека во нападот од 2 октомври биле употребени касетни бомби, и дека биле фрлени од југозапад, делот под контрола на Киев.
Извор: “МКД“
|