Празнина КОЈА сјае: Македонија Wednesday, 2024-12-04, 10:17 PM
Welcome Guest | RSS
Main | | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Calendar
«  October 2014  »
SuMoTuWeThFrSa
   1234
567891011
12131415161718
19202122232425
262728293031
Entries archive
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » 2014 » October » 25 » Путин: Светот е на крстопат, му се заканува „игра без правила“ (ВИДЕО)
    4:13 AM
    Путин: Светот е на крстопат, му се заканува „игра без правила“ (ВИДЕО)

    Путин: Светот е на крстопат, му се заканува „игра без правила“ (ВИДЕО)

    „Меѓународната заедница се наоѓа на историска пресвртница, каде во светскиот поредок се менуваат правилата на игра и постои закана од игра без правила“, изјавил денес рускиот претседател Владимир Путин, спротивставувајќи се на тезата за ексклузивната улога на САД и обвинувајќи го Вашингтон за потези што ја продлабочиле нерамнотежата во светот, пренесува агенцијата Тасс.

    „Системот на глобалната безбедност е сериозно ослабен и нема гаранции дека таа е во состојба да го заштити светот од потреси“, предупредил рускиот претседател.

    „САД се прогласија за победник во Студената војна, и самоуверено решија дека едноставно нема потреба за реконструкција на меѓународните односи. Наместо воспоставување на нова рамнотежа н а силите, која е неопходен услов за поредок и стабилност, напротив, преземени се чекори што остро го продлабочија дисбалансот“, кажал Путин.

    „Можеби ние немаме причина да се грижиме, да дебатираме и да поставуваме непријатни прашања, можеби исклучителноста на САД, начинот на кој тие го остваруваат своето лидерство е навистина благодат? А нивното општо мешање во сите прашања на светот му носи мир, спокојност и ќар? Напредок и демократија? И потребно е, како што викаат тие, да се опуштиме и да бидеме задоволни? Не, тоа апсолутно не е така“, кажал Путин.

    Рускиот претседател, зборувајќи на меѓународниот форум Валдај во Сочи, кажал дека „едностраниот диктат и наметнувањето на сопствените шаблони го даваат сосема спротивниот резултат“.

    „Наместо решавање на конфликтите – нивна ескалација, наместо суверени и стабилни држави – растечки хаос, наместо демократија – поддршка на сосема сомнителни ликови, од отворени неонацисти до исламски радикали“, кажал Путин.

    Претседателот на Русија ги споредил САД, на кои „им се паднало светското лидерство“, со „новостекнати богаташи“, кои „добиле огромно богатство“, а тие „прават глупости“.

    „Под притисокот на правниот нихилизам, чекор по чекор отстапуваше меѓународното право. Објективноста и праведноста беа жртвувани на политичките цели. При тоа, тоталната контрола врз глобалните медиуми им овозможуваше по потреба белото да се прикажува како црно, а црното како бело“, кажал Путин.

    Според него, за САД фактичкиот легитимитет на другите земји зависи од нивната лојалност кон Вашингтон.

    „Самиот поим на „национален суверенитет“ за повеќето држави стана релативна вредност, а во реалноста беше предложена формулата – колку е посилна лојалноста на единствениот центар на моќ во светот, со тоа е поголем легитимитетот на овој или оној владејачки режим“, истакнал претседателот на Русија.

    Истакнувајќи дека Студената војна завршила без склучување „мир“ и без јасен и транспарентен договор за новите правила и стандарди, Путин кажал дека САД, „самопрогласениот лидер“, соочени со неефикасноста на еднополарниот свет, се обидуваат да создадат „квази биполарен систем“, барајќи „негативец“.

    При тоа е сосема неважно кој во американската пропаганда ќе го заземе местото на „центарот на злото“ наместо СССР, како главен противник – Иран, Кина или Русија.

    „Сега повторно ги гледаме обидите да се распарчи светот, да се постават нови линии на поделба, скапи коалиции по принципот кој е „против“ а кој „за“ и да се освои правото на лидерство, и, ако може да се каже, правото на диктат“, истакнал Путин.

    Тој смета дека САД, водејќи војна против тероризмот на Блискиот Исток, се борат против резултатот на сопствената политика.

    „Тие ја трошат моќта на отстранување на заканите кои самите ги создаваат, и за тоа плаќаат сѐ поголема цена“, кажал Путин, критикувајќи ги западните земји за тоа што продолжуваат арбитрерно да ги поддржуваат исламските екстремисти кога тоа им одговара на нивните цели.

    „Патем, не престанува да ме зачудува тоа како нашите партнери постојано ги повторуваат истите грешки. На времето ги спонзорираа исламските екстремистички движења во борбата против Советскиот Сојуз, кои се обучуваа и калеа во Авганистан. Од нив потекнуваат и талибанците и Ал каеда“, кажал Путин.

    Според него, Западот „ако не ги поддржуваше, ги затвораше очите пред упадите на меѓународните терористи во Русија и земјите од централноазискиот регион.

    „Ние тоа не го заборавивме“, кажал Путин.

    Противејќи се на политички мотивираните санкции против Русија како погрешни и истакнувајќи дека Русија „си е доволна сама на себе“ и дека тие ќе го предизвикаат спротивниот ефект, рускиот претседател истакнал дека на светот во овој момент му е потребен „нов глобален консензус меѓу одговорните сили“.

    „Ако има волја, можеме да ја обновиме ефикасноста на системот на меѓународните и регионалните институции“, кажал Путин, додавајќи дека не треба да се почнува „од нула“, бидејќи институциите формирани по Втората светска војна се доволно универзални и можат да се модернизираат.

    Путин објаснил дека смета на модернизација на работата на ОН, чија улога е незаменлива, и ОБСЕ, која за 40 години покажала дека може да биде добар механизам за обезбедување на безбедност и соработка во евроатлантскиот простор.

    Додал дека меѓународните односи треба да се градат врз основа на меѓународното право, во чии темели мора да бидат и моралните принципи како правдата, рамноправноста и вистината, и како најважни, почитување на партнерите и нивните интереси.

    Извор: “МКД“

    Views: 276 | Added by: Вељанко | Rating: 0.0/0
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024