Празнина КОЈА сјае: Македонија Wednesday, 2024-12-04, 10:03 PM
Welcome Guest | RSS
Main | | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Calendar
«  November 2014  »
SuMoTuWeThFrSa
      1
2345678
9101112131415
16171819202122
23242526272829
30
Entries archive
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » 2014 » November » 5 » Археолошки богатства, вкусна храна и природа
    4:25 AM
    Археолошки богатства, вкусна храна и природа

    Археолошки богатства, вкусна храна и природа

    Со голем интерес кај италијанската и кај светската публика помина претставувањето на културните богатства на Македонија на 17-то издание на „Берзата за археолошки туризам“ во Италија, која од 30 октомври до 2 ноември се одржа близу градот Салерно во Италија

    МАКЕДОНИЈА НА „БЕРЗА ЗА ТУРИЗАМ“ ВО ИТАЛИЈА

    Македонија првпат се претстави на овој меѓународен археолошки настан, презентирајќи публикации и видеоматеријали за Стоби, Хераклеја, Кокино, Скупи, Билазора и многу други археолошки наоѓалишта, градови и цркви. 

    - Нашата земја беше вистинско изненадување за многу од присутните. Интерес предизвикаа античките градови, мегалитската опсерваторија Кокино, како и убавите цркви од визaнтиско време. Речиси немаше посетител што остана рамнодушен пред ранохристијанските мозаици од Хераклеја, Лихнид и Стоби, а многу од нив беа заинтересирани за туристичките понуди и планираа посета на земјата. Во рамките на археолошкиот саем имаше и дегустација на македонски вина и традиционална храна, што дополнително придонесе за посетеноста на домашниот штанд. Саемот беше посетен од илјадници луѓе и беше проследен од новинари од целиот свет - информираат од Управата за заштита на културното наследство.
    Покрај Македонија, оваа година учествуваа повеќе од дваесет земји од целиот свет, меѓу кои Србија, Бугарија, Хрватска, Албанија, Словенија, Аргентина, Малта, Португалија, Венецуела, Романија. Земја во фокусот беше Азербејџан.

    Извор: “Нова Македонија“
     

    Views: 290 | Added by: Вељанко | Rating: 0.0/0
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024