БИТОЛА НА ПРАЗНИКОТ СО МАСОВНИ ПРОТЕСТИ ЗА ЧИСТ ВОЗДУХ
Со транспаренти и скандирања „Битола сака чист воздух“, „Битола на шрги“, „Воздухот е живот, воздухот е право“ и маски на лицата над илјадници битолчани со протестен марш на Широк Сокак одбележаа 70 години од ослободувањето на градот. Протетсот го предводеше граѓанската иницијатива наречена „Битола сака чист воздух“ на која и се придружија стари и млади битолчани, па и цели семејства со своите мали деца.
- Поправка или набавка на нови мерни станици кои секојдневно јасно и точно, транспарентно ќе го покажуваат квалитетот на воздухот во Битола. Да се откријат главните големи загадувачи и така наречени мали, регионални загадувачи. Да се направи регистар на загадувачите, да се реагира по однос на законот и уставното право на секој да дише чист воздух и да се имплементираат еко стандардите предвидени со законот за животна средина- побара Иван Јерчиќ преставник на граѓанската иницијатива.
Протестот започна со интонирање на македонската химна, а разглас беше пуштена партизанската песна „Таму ле мајко, близу Битола„ посветена на народниот херој Таки Даскало. Воедно и протестиот марш започна од пред споменикот на херојот од НОБ, Стив Наумов, а заврши пред Театарот. Протестот се одвиваше додека внатре во театарската сала општината на свеченост ги доделуваше Четврто-ноемвриските награди. Собраната толпа пред театарот со скандирање им порача „симнете ги маските“. (Ж.З.)
Извор: “Дневник“
|