ХИДРОЦЕНТРАЛАТА ШПИЛЈЕ ОДБЕЛЕЖА 45 ГОДИНИ ПОСТОЕЊЕ
На денешен ден, пред четириесет и пет години, во ХЕ "Шпилје" кај Дебар произведени се првите киловат часови електична енергија. Според претставник на ЕЛЕМ, во изминатите четири и пол децении трите турбини на овој значаен електоенергетски објкет, чија инсталирана моќност сега е 84 мегавати, произвеле 12 милијарди 254 милиони и 349 илјади киловат чaсови електрична енергија.
Во просек годишно се произведуваat од 330-350 милиони квч, што зависи од хидролошката состојба на дебарското сливно подрачје, кое ги опфаќа реките Радика и Црн Дрим. Сепак ,максимално рекордно производство е забележано во 2011 кога беа произведени околу 560 милиони киловат-часови. Тоа како резултат на исклуќително поволната хидрологија на дебарското сливно подрачје.
Инаку, во изминатите десет месеци од годинава пrоизведени се околу 166 милони квч што е над 60 отсто од годишно планираното производство. Во акумулацијата "Дебарско Езеро" моментно има резерва на вода за производство на над 15 милиони киловат часови електрична енергија. Електраната и понатаму работи соред потребите на системот. (В.Т.)
Извор: “Утрински Весник“
|