Празнина КОЈА сјае: Македонија Wednesday, 2024-12-04, 9:47 PM
Welcome Guest | RSS
Main | | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Calendar
«  November 2014  »
SuMoTuWeThFrSa
      1
2345678
9101112131415
16171819202122
23242526272829
30
Entries archive
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » 2014 » November » 6 » Гласот на Русија: И гардата на „Република Илирида“ е на далечинско управување?
    2:48 AM
    Гласот на Русија: И гардата на „Република Илирида“ е на далечинско управување?

    Гласот на Русија: И гардата на „Република Илирида“ е на далечинско управување?

    Ако е точна оценката која ја изнесоа високите српски претставници дека позади неодамнешните провокации со знамето за Голема Албанија сред Белград стои нечие незадоволство по повод посетата на Путин на Србија, тогаш нема сомнеж дека епицентарот на тоа незадоволство се наоѓа негде на западната страна на светот, која оправдано се нарекува покровител на албанскиот фактор на Балканот, пренесува радиото „Гласот на Русија“.

     

    А кога на тоа ќе се додаде и наглото активирање на споменатите фактори, не само во Србија, туку овие денови и во Македонија, тогаш се поставува прашањето дали тоа се случува на нечиј знак? Да се потсетиме дека Белград не бил едниствениот главен град кој бил изложен на провокациски делувања со цел предизвикување бурни реакции.

    Во главниот град на Македонија пред споменикот на Скендербег, со самодоверба која е својствена за луѓето со силна позадина, церемонијално беше прогласена „Република Илирида“, а еден од нејзините основачи тогаш отворено и порача на македонската јавност без никакви потреби за вербално маскирање на планираните методи, дека Македонците можат да го прифатат тој проект на мирен начин или со војна, при што на нив самите е оставено да одлучат што сакаат.

    И додека во тие моменти целата таа изведба на некои може да им личи на вешто осмислена претстава со впечатлив сценски настап, чија цел е да ја забавува публиката и така да заврши, тогаш последователните настани покажаа дека се работи за длабок проблем и дека „претставата“ ќе има повеќе чинови, и на многумина нема да им биде забавна.

    Всушност пред неколку дена отиде и чекор понатаму или неколку чекори понатаму бидејќи самопрогласената „Република Илирида“ доби и свој гарда, која ќе патролира сегде каде што живеат албанско население во Македонија, се додека не биде, како што нагласиле, „решен конечниот статус“ на таа територија, а целиот манифест го потпишал човекот кој се претставува како генерал, од што произлегува заклучокот дека некој ќе направи се што е во негова моќ да ја претвори во реалниост паролата „Скопје е срцето на Албанија“, која беше лансирана ова лето на протестните собири.

    Во секој случај сега се чини дека е помалку јасно дека знамето со границите на Голема Албанија, кое на небото над Белград го понесе фамозниот дрон на далечинско управување, можеби и не беше обична крпа, како што некои ја нарекуваа во обид да ја намалат заканувачката порака за поголемиот дел од Балканскиот Полуостров, со оглед на тоа дека на неја како жртви беа означени Србија, Македонија, Грција и Црна Гора.

    Доколку згора на се, се обистини сознанието на белградските медиуми за она што допрва претстои, а тоа според нив е организирано доаѓање на илјадници Албанци од јужна Србија и во Белград на дочекот на албанскиот премиер Еди Рама, со цел предизвикување инциденти за кои би била виновна српската страна, тогаш уште повеќе ќе стане јасно и онака очигледниот факт дека далечинскиот управувач се уште е во рацете на некој кој сака да игра со копчиња и тоа со намера која баш и не ветува просперитет на просторот на православниот Балкан.

    Извор: “Денешен Весник“

    Views: 294 | Added by: Вељанко | Rating: 0.0/0
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024