ГАЛИЈАНО ГИ ВООДУШЕВИ БИТОЛЧАНИ
Франзускиот виртуоз на хармоника Ричард Галијано вчера настапи во Центарот за култура во Битола на првата вечер од Фестивалот на музика од светот. Големата сала беше полна до последното место, а присутните уживаа во репертоарот на познатиот инструменталист и „Тангарија квартет“. Просторот ечеше од аплауз и од извиците „Браво, браво“. Музичарите излегоа на еден бис.
На фестивалската програма денес е концертот на битолскиот бенд „Фолтин“ кој ќе се одржи во Центарот за култура. Додека диџејот Али Дојран ќе настапи во „Хаус бар“ на Широк сокак.
Извор: “Дневник“
|