Плотницкиј до Западот: Ако продолжите да ги поддржувате нацистите во Киев, ќе имате 40 милиони нацисти во срцето на Европа
Шефот на Луганската Народна Република, Игор Плотницкиј, во својот говор за време на претседателската инаугурација го предупредил Западот дека поддржувајќи ја власта во Киев поддржуваат „нацистичка идеологија“.
Изборите во Доњецк и Луганск беа одржани во неделата, на 2 ноември, а победија досегашните лидери, Игор Плотницкиј во ЛНР и Александар Захарченко во ДНР.
„Ако се продолжи со поддржувањето на нацистичката идеологија, многу брзо во срцето на Европа може да се појави нацистичка организација со 40 милиони припадници во споредба со која Ал каеда и Исламска држава ќе изгледаат како детски спортски клуб“, кажал Плотницкиј.
Тој ги повикал водечките светски сили да се обединат против нападот на фашистичката идеологија, особено во Украина.
Извор: “МКД“