МАКЕДОНЦИТЕ ОД ГОЛО БРДО БАРААТ ПРИЗНАВАЊЕ СТАТУС НА МАЛЦИНСТВО, НАСТАВА НА МАЈЧИН МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК И ЕДНА ОПШТИНА
Признавање на статус на малцинство за Македонците во Голо Брдо, настава на мајчин македонски јазик во училишта во оваа област и нејзин административен опстанок како една општина, бараат Македонците од оваа област.
Од името на Македонците,кои ги има над 12 илјади, барањата до Претседателката на Државниот комитет за малцинства, Костандина Бежани, ги достави македонското друштво „Илинден“ со седиште во Тирана и неговиот разгранок за Голо Брдо, чија мисија, како што стои во барањата, е заштита на етничкиот,културниот и религиозниот идентитет на Македонците во Албанија.
-Македонското малицинство кое живее во Голо Брдо, беше признато од албанската држава од 1945-1949 година, кое го потврдуваме и со издадени документи од тој период и во кои стои и македонска националност и имало училишта на македонски јазик со учители кои доаѓале од Македонија. Мајчиниот јазик кој се зборува во ова а област е македонскиот и децата до седум годишна возраст не го познаваат албанскиот јазик и него го изучуваат кога поаѓаат во училиште. Бараме,како што и беше ветено, македомскиот да се изучува како наставен предмет во учиштата во Голо Брдо, вели Никола Ѓурѓај,претседател на Илинден.
Исто така во името на македонската заедница која живее во Голо Брдо,додава тој, бараме официјално признавање „област каде живее македонско малцинство и да им се дадат правата како што ги имале се до 1949 година“.
Во третото барање, кое е подржано со петиција, потпишана од жителите, се наведува дека оваа област со административната поделба од 1913 одина била посебна амдинистративмна единица и се бара истата да остане како таква а не да се распарчува и да се припојува ко други општини, како што е предвидено со новиот закон за територијална поделба.
-Голо Брдо да остане една локална единица, а не нејзините општини Стеблево, Требиште и Острени да се припојуваат кон Либраж и Пешкопеа. Новата теритријална поделба ја сметаме за чекор назад во почитувањето на правата на македонското малцинство во Голо Брдо. Ние сме Македонци и ги бараме правата кои ни ги гарантираат меѓународните конфенции, - нагласува Или Халилај, претседател на разгранокот на друштвото за областа.
И двајцата сметаат, а тоа е наведено и во барањето, останувањето на Голо Брдо како една локална единица ќе услови економски, туристички и културен развој на областа, која во сите приоди била маргинализирана и е еден од најнеразвиените и најсиромашни делови на Албанија.
Фото и текст: Вера Тодоровска
Извор: “Дневник“
|