Празнина КОЈА сјае: Македонија Wednesday, 2024-12-04, 9:49 PM
Welcome Guest | RSS
Main | | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Calendar
«  November 2014  »
SuMoTuWeThFrSa
      1
2345678
9101112131415
16171819202122
23242526272829
30
Entries archive
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » 2014 » November » 11 » (ФОТО) РАМА И ВУЧИЌ СЕ СКАРАА ЗА КОСОВО
    3:51 AM
    (ФОТО) РАМА И ВУЧИЌ СЕ СКАРАА ЗА КОСОВО

    (ФОТО) РАМА И ВУЧИЌ СЕ СКАРАА ЗА КОСОВО

     

    „Реалноста е неспорна“, изјави Рама на прес-конференцијата, на што Вучиќ одговори: „Нема да му дозволам на никој да не' понижува во Белград“

    „Прешево е мост, а независноста на Косово е неспорна реалност“, изјави албанскиот премиер Еди Рама денеска, на првиот ден од неговата официјална посета на Србија што предизвика остра реакција од неговиот домаќин, премиерот Александар Вучиќ. 

    Дводневната посета на Белград доаѓа по тринеделното одложување предизвикано од инцидентот на натпреварот Србија-Албанија во Белград на 15 октомври што беше причина за воведување на дополнителни безбедносни мерки во Белград. Двесте новинари ја следат посетата на албанскиот премиер, која доаѓа 68 години по последната посета на поранешниот албански претседател Енвер Хоџа на повоена Југославија. Тогаш негов домаќин беше Јосип Броз-Тито.

    Рама беше пречекан пред Палатата Србија каде беа интонирани химните на двете држави и беше изведена почесна смотра на гардата, по што двајцата премиери имаа тет-а-тет средба, малку подолга од предвиденото. 

    По разговорот со својот домаќин, српскиот премиер Александар Вучиќ, гостинот од Тирана истакна дека „околу Косово имаме различни ставови, но реалноста е една и неспорна, како регионалната така и европската и тоа мора да се почитува. Признавањето на Косово од страна на европските држави има голема важност“. 

    Во обраќањето до медиумите, кое беше многу подолго од она на Вучиќ и во поголемиот дел без превод, Рама уште рекол дека „независноста на Косово го направи Балканот посигурен“ и дека „прашањето за Косово е решено и тоа е факт. Можеме да зборуваме за различни чекори, но сметам дека ништо не може да не спречи да ја кажеме вистината. Имаме добра волја за искрена соработка и искрена верба дека нашите деца не треба да страдаат поради минатото“. 

    Неговиот говор предизвика остра реакција на српскиот премиер кој зборовите на Рама ги нарече провокација. Вучиќ истакна дека не може да сфати каква врска има Рама со Косово. 

    „Нема да му дозволам на никој да не' понижува во Белград, Косово и Метохија беа и остануваат дел од Србија и никогаш немале врска со Албанија“, реагираше Вучиќ на одржаниот говор на гостинот од Албанија, пренесуваат српските медиуми. Тој рече дека му е жал поради овој инцидент предизвикан од споменувањето на тема што не била договорена, што го доживеал како провокација, но рече дека ќе продолжи со разговорите со гостинот од Тирана. 

    Тој рече дека со задоволство и прифаќа покана да ја посети Тирана, но нагласи дека и таму ќе зборувал дека „Косово е српско, како што стои во Уставот на нашата земја“. За односите со Тирана српскиот премиер рече дека Србија ќе даде се' од себе да се потпишат сите значајни договори со Албанија. По острите зборови на Вучиќ, Еди Рама му се обрати на домаќинот по име. 

    Претходно, Вучиќ по средбата со албанскиот колега изјави дека разговорот во четири очи, што траел подолго од очекуваното, не бил ниту малку лесен, но изрази уверување дека заедничките проблеми може да бидат решени, јави Танјуг. На прес-конференција во Палатата Србија тој му се заблагодари на Рама за тоа што ја прифатил неговата покана и го посети Белград. 

    „Посетата означува нов почеток и се надевам дека прагматичниот однос меѓу Србија и Албанија ќе биде фокусиран на напредок не само на нашите меѓусебни политички и економски односи, туку и за напредокот на односите во целиот регион“, рече Вучиќ според кого, посетата на албанскиот премиер не е добра вест само за Србија и за Албанија. Тој истакна дека дека проблемите не можат да се решаваат на друг начин освен со разговори.

    Албанскиот премиер Еди Рама денес треба да го посети и Прешево, но таму нема да се одржи собир, туку само кус говор во Домот на културата, пишува „Данас“.

    Според весникот, Рама ќе оствари средба со политичките лидери од Прешевската долина. Албански медиуми пренесуваат декa градоначалникот на Прешево, Мустафа Фахми, изјавил дека го очекува Рама за да го запознае со проблемите на заедницата на етничките Албанци во јужна Србија во областа на образованието, политиката и економскиот развој.

    Градоначалникот на Бујановац, Јонуз Муслиу, изјави дека на албанскиот премиер ќе му бидат „презентирани предлози, претставки и предлози“ и дека очекува „јасна порака“ од Рама во однос на положбата на албанската заедница во овој дел на Србија.(Според агенциите)

     

    Извор: “Утрински Весник“

    Views: 287 | Added by: Вељанко | Rating: 0.0/0
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024