„Крштевањето на овие деца – порака упатена кон западното конформистичко општество“
Митрополитот Нубиски Наркис изврши крштевање на пет деца од Јужен Судан.
„Јужен Судан е најновата држава во светот, формирана во јуни 2011 година, после поделбата на Судан. Повеќето од жителите се христијани, а неколку илјади од нив – православни.
Со благослов на Неговото Блаженство, Патријархот Александриски и на цела Африка Теодор II, уште пет деца од Јужен Судан примија свето крштение, после завршената катехизација“, се вели во посланието на митрополитот Нубиски Нарксис, упатено кон Православното Мисионерско Братство, кое им помага на луѓето во 22 земји од Африка и Азија.
„Овие деца доаѓаат од земја која страда од многу зла: граѓанска војна, глад, епидемии на колера, а од неодамна – епидемијата на вирусот Ебола. Во оваа состојба, само да се преживее – е веќе голем успех.
Крштевањето на деца – е молчалива порака кон западното конформистичко општество и рамнодушноста кон Црквата Христова, за тоа дека животот – е повеќе од просто преживување и не се ограничува само на биолошки инстинкти. Така се зашто ние црпиме сила и храброст од изворот на животот, Кој е Самиот Исус Христос.
Нивното трпение во страдањата и сведоштвото, откриено во светото крштение, неспорно докажува дека овие деца водат борба за духовен живот. Господ ме сметаше за достоен да го посведочам тоа, и еве, јас ви ги предавам фактите“.
Извор: “Православие.ру, Денешен Весник“
|