На јавноста не ѝ требаше многу време за изнесување на теории зошто тоа се случува, а една од најспомнуваните причини е – ХААРП машината.
Уредот ХААРП е создаден на иницијатива на американската војска, и е направен со финансии од Пентагон, главно поради истражување на јоносферата. Сместен е во градот Гакуна на Аљаска, меѓутоа поради општата таинственост што го опкружува проектот, се шпекулира дека се користи за многу други нешта, покрај тоа за што е дизајниран.
Една од нив е управување со временските услови, што во овој случај на поголемиот дел од американската јавност и на луѓето кои главно се занимаваат со теории на заговор им изгледа и звучи сосема прифатливо, бидејќи снежната бура се појавила ненадејно и од никаде, а тврдат дека така и ќе си замине. Познато е дека на Хаити и Јапонија ХААРП предизвикал торнадо ветришта и тропски бури, па дел од американската јавност се прашува дали нивната влада го насочила ова „оружје“ кон сопствените граѓани.
Иако научниците за сѐ посуровите временски прилики во светот како виновник го посочуваат глобалното загревање, на социјалните мрежи ХААРП сѐ почесто се спомнува во контекст на „виновник“ за најновото невреме во САД, слично како и со природната катастрофа во Србија и БиХ кога мајските поплави беа поврзувани токму со ХААРП.
Извор: “МКД“