„Нема сомневање дека доколку не постои адекватна реакција на разбеснетиот неонацизам во Украина, а досега немаше таква реакција, оваа инфекција ќе се рашири преку украинските граници, во другите земји во Европа и пошироко“, рекол Константин Долгов, претставник за човекови права на Министерството за надворешни работи, пренесе РИА новости.
Долгов ја коментирал неодамнешната одлука на Украина, САД и на Канада да гласаат против резолуцијата на ОН за борба против неонацизмот, поддржана од мнозинството членки на Обединетите нации. Резолуцијата била подготвена и изработена од руската делегација во ОН.
Претходно, Долгов напиша на Твитер дека гласањето на Украина против резолуцијата може да се смета за потврда на симпатизерскиот официјален став на Киев кон неонацистичките движења во земјата.
Минатата недела рускиот Врховен суд ја одобри тужбата поднесена од страна на канцеларијата на јавниот обвинител, со која се бара украинските групи Десен сектор и УНА-УНСО, познати по својата неонацистичка идеологија, да бидат препознаени како екстремистички и да се забранат нивните активности и пропаганда во Русиja.
Извор: “МКД“