Празнина КОЈА сјае: Македонија Wednesday, 2024-12-04, 9:13 PM
Welcome Guest | RSS
Main | | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Calendar
«  November 2014  »
SuMoTuWeThFrSa
      1
2345678
9101112131415
16171819202122
23242526272829
30
Entries archive
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » 2014 » November » 26 » Парон: Барањата за враќање на имотите се обид за креирање на македонско малцинство во Грција
    1:06 AM
    Парон: Барањата за враќање на имотите се обид за креирање на македонско малцинство во Грција

    Парон: Барањата за враќање на имотите се обид за креирање на македонско малцинство во Грција

    Многу поприфатливи за грчката страна се флексибилните ставови на македонската опозиција, а тоа отворено беше кажано и во последната анализа на директорот на грчката фондација за надворешна политика ЕЛИАМЕП, Танос Докос.

    Напорите за враќање на имотите на протераните Македонци од Грција е обид за создавање на македонско малцинство во земјата, пишува во грчкиот весник „Парон“.

    Според дописникот на МРТ од Атина, во анализа посветена на забраната за влез во Грција на македонската адвокатка Трендафилка Сандева, задолжена за предметите на имотите на Македонците, се критикува и пратеничката Марија Јанакаки од партијата Независни Грци, која со пратеничко прашање го стави под сомневање легитимитетот и оправданоста на ваквата одлука.

    „Госпоѓа Јанакаки изгледа не разбира дека ова не е само обраќање до грчките судови, туку и координирана акција за креирање на македонско малцинство во Грција”, коментира весникот, обвинувајќи ја дека наводно не ја разбирала разликата меѓу заштита на индивидуалните права и странска пропаганда.

    Пратеничката секако ќе треба да објасни и пред жителите на Централна и Западна Македонија кои се соочени со стравот дека нивните богатства, наследени или стекнати пред повеќе од 70 години, дека се под ризик да станат центар на вниманието на судски спор со граѓаните од „Скопје“, анализира „Парон“.

    Весникот пишува дека наводниот обид за создавање на темата за македонско малцинство во Грција почнал во 2008 година, благодарение на премиерот Никола Груевски.

    „Се почна со благослов од господинот Груевски во 2008 година, со славното писмо до Караманлис во кое се бараше признавање на македонско малцинство и на тврдењата за имотите, што беше одбиено во Атина”, се вели во текстот.

    Политиката на владеачката ВМРО-ДПМНЕ и премиерот Груевски во однос на проблемот што Атина го има со нашето уставно и историско име со години наназад е мета на критика во грчката јавност, а нивните ставови се оценуваат како цврсти и непопустливи. Многу поприфатливи за грчката страна се, според нив, флексибилните ставови на македонската опозиција, а тоа отворено беше кажано и во последната анализа на директорот на грчката фондација за надворешна политика ЕЛИАМЕП, Танос Докос.

     

    Коментирајќи евентуален предлог кој што целосно би ги задоволил грчките апетити, тој истакнува дека до решение сепак нема да дојде поради политиката на премиерот Груевски за името која наводно не гледала на долг рок, за разлика од опозицијата предводена од СДСМ која што според ЕЛИАМЕП имала „одговорен пристап”за ова прашање, јави дописникот на МРТ од Атина.

    Извор: “МКД“

    Views: 337 | Added by: Вељанко | Rating: 0.0/0
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024